Шекспир @ 21 век
Шекспир@21век ©

Илустрација: ИМИКА

Шекспир е најпознатиот и највлијателен англиски поет и драматург. Тој непосредно влијаел на развојот на англиската литература и на англискиот јазик.

За да дознаете повеќе за животот и работата на Шекспир, и да најдете материјали за учење и настава по англиски јазик погледнете ги следниве страници и ресурси кои ги одбравме за вас. Ова е Shakespeare@21century!

Шекспир во училиште – материјали за професори по англиски јазик

Делата на Шекспир ги изучуваат повеќе од половина деца на училишна возраст ширум светот, и се изведуваат повеќе од оние на било кој автор. Ние нудиме материјали за наставници кои се фокусираат на животот на Шекспир, општествениот и историски контекст на неговите дела и самите драми.

Шекспир – наш современик?

Погледнете ги читањата и дискусиите од семинарот на Британски совет во Берлин со авторите Наоми Алдерман, А.С. Бајат, Хауард Џејкобсон, Том Мекарти, Алис Освалд, Марк Равенхил и Поли Стенхам во чест на 450-тиот роденден на Вилијам Шекспир. Семинарот го водеше професорот Џон Мулан (Книжевен клуб на Гардијан).

Како што милувате (As You Like It)

Прочитајте и/или слушнете ги познатите реплики од драмата на Шекспир ,,Како што милувате” (As You Like It) и одговорете на задачите за да го проверите вашиот вокабулар.

Шекспир за тинејџери

Професорите по англиски често ги избегнуваат делата на Шекспир бидејќи сметаат дека се премногу сложени за нивните ученици. Ние можеме да ви помогнеме со некои совети и идеи како да подучувате за Шекспир.

Шекспир во ТВ серијата „Word on the Street“

Дознајте повеќе за најголемиот англиски писател преку оваа епизода на ТВ серијата „Word on the Street“, која ја подготвивме во ко-продукција со Би-би-си.

Посетете ги куќите и градините на Шекспир

Посетете ја родната куќа на Шекспир или домот од детството на неговата сопруга; посетете го неговиот дом во Страдфорд на Ејвон и домот на неговата ќерка и внука.

Откријте го театарот Глоуб

Дознајте повеќе за театарот Глоуб преку интервјуа од зад сцената, академски есеи, факти и други бесплатни ресурси

•Слушнете ги искуствата на актерите 

•Погледнете минати изведби  

•Поткрепете го истражувањето за Шекспир со интерактивни интернет ресурси

Литературата во Велика Британија

Ако сакате да зборувате за англиската литература и за Шекспир на часот по англиски јазик, имаме наставен план на нашата страница за Предавање англиски.

Бодлијанска библиотека

Бодлијанската библиотека на Универзитетот од Оксфорд заедно со библиотеката Фолџер создадоа архива на бесплатни дигитални ресурси од делата на Шекспир. 

Библиотека Фолџер

Библиотеката Фолџер, што се наоѓа во Вашингтон, САД ja содржи најголемата колекција на материјали и дела на Шекспир.

Недела на Шекспир

Од 17 до 23 март се празнува Неделата на Шекспир во училиштата, театрите, историските знаменитости, галерии, кина и библиотеки низ Обединетото Кралство.

Следете нè на фејсбук и твитер и користете го хаштагот #ShakespeareLives.