Football Remembers image

Пред сто години, германските трупи и сојузниците одиграле фудбалски натпревар, кој е запомнат во историјата бидејќи придонел за краток престанок на огнот за време на војната. Нашиот проект 'Football  remembers' поканува млади и стари од сите страни на светот да ни се придружат и да одиграат фудбалски натпревар оваа недела во сеќавање на војниците кои учествувале во Божиќното примирје во 1914 година за време на Првата светска војна.

Како може да се вклучите во Македонија, ако сте наставник, ученик или ако го сакате фудбалот?

Наставни материјали за училишта

Споделуваме готови материјали кои може да ги искористите со ученици од 9 до 14 години, за да научат за настаните што се случиле во Божиќното примирје во 1914 година за време на Првата светска војна.

Посетете ја страницата на Schools Online која нуди активности за училишта, за да може да дознаете како може да се вклучите во проектот.

Преземете го образовниот пакет (на англиски јазик), кој може да го користи било кое училиште во светот.

Ако веќе сте го користеле образовниот пакет, кажете ни како ви се допаѓа. Одговорете на оваа кратка анкета.

Фудбалски натпревар во Скопје

За да се одбележат настаните од 1914 година, амбасадите на Велика Британија и Германија во Република Македонија организираат фудбалски натпреват во недела, 14 декември, 2014 година во 11.30 часот на стадионот на АРМ до Националната арена „Филип II Македонски“. Пред овој натпревар ќе се одржи егзибициски фудбалски турнир со ученици од скопските училишта. Настанот е отворен за јавност.

Играјте фудбал и пратете фотографија

Покануваме љубители на фудбалот, екипи и училишта оваа недела до 14 декември да играат фудбалски натпревар за да го одбележат Божиќното примирје. Сликајте се со вашиот тим и споделете ја фотографијата на твитер со користење на хаштагот #FootballRemembers. Добиените фотографии преку социјалните мрежи од сите страни на светот ќе ги прикажеме на www.footballremembers.com.