Date
Сабота 24 Јануари 2015 - 08.00 до Недела 25 Јануари 2015 - 20.00
Локација
Хотел Дрим, Струга

На 24 и 25 јануари 2015 година, во состав на конференцијата „Пријатели на образованието“ Британски совет ќе учествува со две презентации и една работилница.

Во сабота, Драгица Здравеска ќе зборува за прирачниците на Британски совет за употреба на ИКТ во наставата по англиски јазик, и Дарко Талески ќе го презентира проектот за стоп анимации и ЦД-то за прво одделение.

Во недела, Мирослава Павлова-Аневска ќе води работилница за креирање веб страница - можности и погодности.

За комплетниот дневен ред и повеќе информации, посетете ја веб страницата на конференцијата.

Ве очекуваме во хотел Дрим во Струга.