Webinar 1
Date
Вторник 23 June 2020 - 11.00
Локација
Онлајн настан за наставници

Целта на овој вебинар е  поттикнување на примената на кодирањето во другите наставни предмети со цел развивање на критичкото размислување и решавање на проблеми што претставува една од главните вештини на 21 век. Во тек на вебинарот  ќе се зборува за кодирање на уредот микро:бит користејќи програмирање со блокови и нивно поврзување со линиско програмирање во програмскиот јазик Пајтон. Ќе бидат претставени можностите на самиот уред  како и неговата примена во наставата. За таа цел ќе се разгледаат и објаснат повеќе примери од различни наставни предмети кои ќе можат да се применат за време на наставните часови согласно наставната програма.

БИЛЈАНА НИКОЛОВА е дипломиран професор по информатика и 17 години предава информатика во основно образование. Во текот на својата работа има креирано веб-портал за потребите на училиштето со електронски дневник и учествува со едукативни видео материјали на платформата Едуино. Таа е активен обучувач во програмата за наставници на Британски совет „Училишта на 21 век“  во нашата држава. Во рамките на истата има одржано повеќе обуки за наставници во основното образование. Редовно учествува во државни и меѓународни проекти.

БЛАГОРОДНА СОТИРОВ е дипломиран професор по информатика и 15 години е дел од воспитно-образовниот процес. Таа активно се вклучува во бројни обуки и семинари како слушател и како обучувач.  Дел е од програмата „Училишта на 21 век“, во чии рамки, има одржано повеќе обуки за наставниците во основното образование. Редовно се вклучува во проекти на национално ниво, но и на меѓународни проекти. 

Споделете на социјални мрежи