На 17 и 18 јули 2014 година, Стефан Џон, консултант од Обединетото Кралство ќе работи со националниот тим за Македонската рамка за квалификации координиран од Министерството за образование и наука, на развивање на процеси и протоколи кои ќе овозможат функционална институционална соработка во спроведувањето на Законот за Националната Рамка за Квалификации (НРК). Истовремено, тој ќе го пренесе и приодот кој Обединетото Кралство го има кон функционалната институционална соработка во областа на НРК, како одраз на потребите на пазарот на трудот. Повеќе информации ќе следуваат по настанот.