Што е Аптис?

Ние имаме 70-годишно искуство во тестирање на англискиот јазик низ целиот свет. Нашите експерти го развија Аптис испитот врз основа на последните истражувања во проценката на англискиот јазик. 

Аптис може да го процени вашето ниво на англиски јазик во сите четири јазични вештини – зборување, пишување, читање и слушање. Испитот вклучува и тест по граматика и речник. За која вештина ќе бидете тестирани зависи од организацијата која од вас побарала да го полагате испитот (на пример:  работодавец, или центар за обука).  

Како може да се полага Аптис?

Информациите за полагање на Аптис ќе ви бидат обезбедени од страна на вашиот работодавец, универзитет, или училиште. Исто така, можете да се регистрирате директно преку нас. 

Што значи вашиот резултат?

Вие ќе добиете резултати базирани на Заедничката европска референтна рамка за јазици (CEFR). Тие ќе го наведат вашето CEFR ниво за секоја тестирана вештина. Доколку ги полагате сите четири вештини ќе добиете општо CEFR ниво. Покрај вашето CEFR ниво ќе добиете и резултат на скала (од 0 до 50) којшто го покажуваат вашето ниво на склоност за секоја тестирана вештина.  

Погледнете примерок од извештајот од тестот.

Како да се подготвите за испитот?