• Аптис обезбедува релевантни и точни резултати за познавањето на англиски јазик во вашата организација. Со тоа, вие ќе можете да донесувате подобри одлуки поврзани со вработување, развој на работна сила и потреби од обуки.
  • Aптис е флексибилен тест и лесно достапен тест со кој може побрзо да се тестираат повеќе луѓе. 
  • Испитот, исто така, ви овозможува точно тестирање на вештините кои се релевантни за вашите барања и за брзо добивање на резултати.

Како е структуриран испитот?

  • Аптис ја тестира граматиката, речникот и јазичните вештини (зборување, пишување, читање и слушање). Секој кандидат пополнува тест по граматика и речник заедно со тест за јазични вештини според негов избор.
  • Испитот започнува со општи прашања и постепено напредува кон посложени задачи. Секој дел од испитот оценува нивоа на англиски јазик од А1 до Ц. 

Како дa го одберете Аптис испитот што ви е потребен?

Вие имате можност да одберете да ги тестирате сите вештини (зборување, пишување, читање и слушање), или пак само оние кои се најсоодветни за вашата организација.

На пример, доколку сте менаџер за човечки ресурси задолжен за регрутирање на персоналот од управата, ваш приоритет може да биде оценување на способностите за зборување и за пишување. Меѓутоа, доколку имате потреба од сестрана проценка на јазичните вештини на вашите наставници, тогаш би имале потреба од сите четири вештини: зборување, пишување, слушање и читање.

Ние можеме да ве советуваме како, според вашите потреби, најправилно да го користите Аптис. 

Независно од тоа дали вашите барања за тестирање се заради вработување, заради развој на работната сила, или заради обука, Аптис e испитот по англиски јазик со напредно размислување што ви треба. 

ОПШТА ВЕРЗИЈА НА АПТИС 

Општата верзија на Аптис е основниот проценителен тест. Тој може да биде приспособен на вашите бизнис или организациските потреби, на пример: покривање на одредени индустрии (бизнис, патувања, туризам) како и вештините што сакате да ги тестирате.

Напреден Аптис тест

Аптис е иновативна алатка за оценување која помага точно да се тестираат јазичните вештини – читање, пишување, слушање и зборување. Аптис ги тестира јазичните способности и во случаи кога треба да се тестираат повисоки нивоа на познавање на јазикот (ЦЕФР* B1 – C2). 

АПТИС ЗА НАСТАВНИЦИ

Аптис за наставници е посебно креиран за наставници по други предмети кои работат во училишта и на универзитети со намера да се помогне во подигањето на квалитетот на наставата во вашата организација. 

Дознајте повеќе информации за Аптис за наставници

Дополнителни страници