Британскиот совет има за цел да обезбеди правичен и објективен третман на секој кандидат и да даде оптимални услови за полагање на испитите. Можеме да направиме аранжмани, односно да задоволиме специјални услови или барања за да им овозможиме на полагачите да присуствуваат во центарот за тестирање, да ги разберат прашањата и да ги дадат своите одговори на испитот.
Доколку барате специјални аранжмани за да го полагате вашиот испит, ве молиме да ги следите упатствата дадени подолу за секој испит. Специјалните аранжмани што се на располагање зависат од испитниот одбор, а во некои случаи можат да бидат изземени како дел од испитот поради хендикеп или тешкотија. Никакви документи во поглед на специјалните аранжмани нема да се примаат по завршувањето на пријавувањето.
СПЕЦИЈАЛНИ АРАНЖМАНИ МОЖЕ ДА СЕ ОБЕЗБЕДАТ ЗА:
ИЕЛТС
Доколку барате изменета верзија на тестот, ве молиме контактирајте нè најмалку три месеци пред датумот на вашиот тест. Овој период на известување е потребен да се подготви изменетата верзија на тестот. Ако вашите околности бараат посебни административни аранжмани, на пример повеќе време, мора да нè контактирате најмалку шест недели однапред. Ќе треба да обезбедите лекарско уверение издадено во текот на последните две години од пријавувањето во канцеларијата.
Доколку користите било какви електронски уреди кои ви помагаат да надминете здравствен проблем, на пр. слушно помагало или апарат за дијабетичари, ве молиме претходно информирајте го вашиот центар за тестирање со валидна медицинска документација. За повеќе детали, ве молиме посетете ја оваа страница.
Испитите за англиски јазик од Кембриџ
Доколку имате хендикеп или сте лице со посебни потреби, контактирајте нè најмалку три месеци пред датумот на вашиот тест. Кога ќе се пријавувате за испитотќе треба да обезбедите лекарско уверени издадено во текот на последните две години.
Може да побарате специјални аранжмани само за испитите за англиски јазик од Кембриџ што се полагаат на хартија.
ИГЦСЕ/Меѓународен ГЦСЕ и школски испити
Доколку ви е потребна специјална администрација, на пример дополнително време или посебен надзор на испитите поради преклопување на деловите од испитите, ќе треба да нè контактирате најмалку шест недели пред вашиот прв испит.
Ако вашите околности бараат да се подготви посебна верзија на тестот, ќе треба првин да нè контактирате кога ќе се пријавите за испитот. Ќе треба да обезбедите ново лекарско уверение заедно со вашето барање за специјални аранжмани.
Професионални и образовни испити
Во повеќето случаи, за барањето специјални аранжмани ќе треба директно да контактирате со вашиот испитен одбор или универзитет. Испитниот одбор ќе контактира со Британскиот совет за аранжманите и ќе ве извести за одобрувањето на вашето барање.
Можете да нè контактирате за барањето за специјални аранжмани ако за вашиот испит сте се пријавиле кај нас. Ќе треба да обезбедите лекарско уверение издадено во текот на последните две години од пријавувањето.