Дознајте повеќе за панел дискусиите и презентациите што ќе ги имаме за време на PlayUK Arcadia 2018. Ќе бараме одговори на прашања како: каде е уметноста во четвртата индустриска револуција и дали технологијата може да се нарече уметност, и како технологијата може да влијае на работата на уметниците? 

Панел дискусија: Уметноста на четвртата индустриска револуција 

петок 2 ноември, 17.30
МКЦ

Местата се ограничени, ве молиме да се регистрирате овде.

Уметноста на четвртата индустриска револуција е панел дискусија што има за цел да разгледа теми поврзани со крстопатот на уметноста и технологијата. Додека ИТ секторот брзо се развива, светот на уметноста се уште се двоуми дали е оправдано да се користи технологија за натамошен развој на креативноста. Дали овие промени претставуваат нова можност за уметничката пракса и за контекстот во кој што се претставува или дали нивната глобална распространетост ја зголемува потребата од „лесна“ содржина, што се прави исклучиво за забава? На овој собир ќе се обидеме да ги утврдиме проблемите и можностите што потекнуваат од овие промени. 

Нашите панелисти се: Ian Forrester (BBC), Simon Wilkinson (уметник), Никола Узуновски (уметник). Модератор: Гораст Цветковски 

 

Панел дискусија: Иновативна форма на соработка меѓу универзитетите 

сабота 3 ноември, 17.00
МКЦ

Новата ера на дигитален развој создава потреба од нови луѓе со нови вештини. Со брзиот развој на технологијата се потешко е образовните програми да го поддржуваат ваквиот развој. Од друга страна, дигиталните старт-ап компании и центри станаа места каде што новите вештини, знаења и ресурси најдобро може да се искористат во пракса. Од овие причини, претприемачите и универзитетите се вртат кон нови форми на соработка. Овие нови видови на соработка не се само за оние со технички познавања: тие важат и за оние од други области, а во поново време и за креативниот свет на уметноста. Целта на оваа панел дискусија е да се претстават примери на најдобра практика од Обединетото кралство и од Западен Балкан. 

Нашите панелисти се: : Roger McKinley (FACT) и Vladimir Trajković (FINKI). Модератор: Гораст Цветковски

Презентација на Шагал

петок 2 ноември, 20.00
MKC

Покрај настапот Шагал ќе одржи и презентација за технологијата што ја користи за компонирање. 

Пејачката и продуцентка на електронска музика Шагал ќе го сподели нејзиниот пат кон развивање на нови начини на изведба на електронска музика во живо со комбинирање на нови технологии, визуелни ефекти и движење и ќе демонстрира дел од нејзината работа со MI.MU ракавиците пред нејзиниот настап истиот ден.