Би сакале да одговорите на прашалник за да ни помогнете во истражувањето и следењето на новите методи во наставата по англиски јазик.
Прашалникот е наменет за директори на основните училишта.
Бирото за развој на образованието и Британски совет спроведуваат истражување на тема „Користење дигитални содржини во наставата по англиски јазик од 1 – 9 одделение“.
Истражувањето има за цел да ги следи новите методи во наставниот процес и активното вклучување на учениците во основните училишта во наставата по англиски јазик.
Ве молиме да одвоите околу 15 минути за да одговорите на прашалникот најдоцна до петок, 26 декември 2014 година.
За да го пополните, притиснете овде на опцијата ПРАШАЛНИК.
Истражувањето доаѓа како резултат на заедничкиот проект помеѓу Бирото за развој на образованието и Британски совет за „Подготовка на прирачници со дигитални содржини соодветни на наставните планови од 1 - 9 одделение по предметот англиски јазик“, кој се спроведуваше во 2013 и 2014 година.
Прирачникот со дигитални содржини соодветни на наставните планови од 1 – 5 одделение превземете го од тука.
Прирачникот со дигитални содржини соодветни на наставните планови од 6 – 9 одделение превземете го од тука.
Дознајте повеќе за нашата работа во областа на англискиот јазик.