Нудиме можност за хонорарно вработување како надгледувач на испити по англиски јазик и други академски и професионални испити, со платена саатница.

Кандидатите потребно е да имаат соодветно искуство, квалификации и компетенции:

  • Многу добро познавање на македонскиот јазик
  • Комуникациски вештини на англиски јазик на ниво Б2 или повисоко во однос на јазичната рамка на Советот на Европа
  • Способност за планирање на времето и внимателно давање на инструкции на англиски јазик
  • Способност за тимска работа и работа под притисок
  • Искуство во работа со деца и млади луѓе
  • Напредна употреба на технологија(компјутер, проектор итн.) вклучувајќи и интернет
  • Универзитетска диплома ќе се смета за предност
  • Можност за работа од понеделник до петок од 8 до 15 часот и за време на викенди

За повеќе информации, проверете го описот на работното место (Role Profile). 

Ве молиме испратете ги вашите пријави на info@britishcouncil.org.mk и  ставете Invigilator во полето Subject, најдоцна до 18 август2019. 

Како документи за доказ, ве молиме испратете:

  • Пополнета пријава за надгледувач(link)
  • 3 референци
  • Доказ за познавање на англиски јазик(IELTS, Cambridge English или друга диплома)

Само одреден број на лица ќе бидат контактирани, но им се заблагодаруваме на сите кои ќе покажат интерес да се пријават.

Британскиот совет се обврзува на политика на еднакви можности и различност и заштита на децата. Ги охрабруваме да се пријават лица од сите делови на заедницата.  Гарантираме интервјуа за лица со попреченост кои ги исполнуваат основните услови.

Британскиот совет е меѓународна организација од Обединетото Кралство за културни врски и образовни можности. Нашата цел е да градиме мостови на доверба и разбирање помеѓу луѓето во Обединетото кралство и другите земји.

 

Споделете на социјални мрежи