Business people talking image
Date
Среда 18 Март 2015 - 09.00
Локација
Стопанска комора на Македонија, Скопје

Со цел спроведување на Законот за Национална рамка на квалификации на Република Македонија, Британски совет, во соработка со Министерството за образование и наука и Европската тренинг фондација, организираше еднодневна Конференција за Македонската рамка на квалификации на 18 март 2015 година.

За време на конференцијата, посебно внимание се посвети надосегашните постигнувања на полето на Македонската рамка на квалификации, предизвиците со кои се соочуваме и вклучувањето на работодавачите и другите чинители во процесот на заживување и спроведување на Македонската рамка на квалификации. Од овие дискусии произлегоа и заклучоци за понатамошни активности во оваа област кои се доставени во Министерството за образование и наука на Република Македонија. 

Беше пренесен и британскиот модел на Советите за секторски вештини од страна на Ивана Алексиќ, Виш консултант за образование од Србија.

Програмата, презентациите и останатите документи може да ги преземете на оваа страница.