Female teacher in classroom image
Date
Среда 13 Јануари 2016 - 09.00 до Петок 15 Јануари 2016 - 17.00
Локација
Британски совет, Скопје

Бирото за развој на образование и Британски совет објавуваат конкурс за обука на 16 наставници-ментори по англиски јазик од државните училишта во Македонија.

Заинтересираните кандидати треба:

  •  да имаат завршено Филолошки факултет – група англиски јазик (наставна насока)
  •  да имаат најмалку пет години работно искуство како наставник
  •  да покажуваат интерес и мотивација за понатамошен професионален развој
  •  да имаат познавање на англискиот јазик на ниво Ц1 согласно Заедничката европска референтна рамка на јазици

     Заинтересираните наставници да ја пополнат пријавата и на македонски и на англиски јазик и да ја испратат на  elt@britishcouncil.org.mk најдоцна до 17 часот до 24 декември 2015 год.

Обуката ќе се реализира од 13 – 15 јануари 2016 год во просториите на Британски совет.

ОПИС НА ОБУКАТА

Бирото за развој на образование и Британски совет организираат обука за 16 наставници по англиски јазик од државниот сектор кои ќе можат да се подготват да преземат менторска улога. Обуката е соодветна за наставници кои немаат никакво менторско искуство и за наставници кои веќе имале менторска улога, но кои сакаат да ги надградат своите вештини.

Обуката се фокусира на следниве теми:

1.       Кој може да биде ментор, што е менторството и зошто е важно
2.       Улогата на менторот и активности и техники за поставување цели
3.       Фази во процесот на менторирање
4.       Како да се креира ефективен однос
5.       Управување со агенди и состаноци; воспоставување ефективни менторски договори

Обуката ја препорачуваме за  наставници по англиски јазик кои се заинтересирани, мотивирани, кои сакаат да напредуваат и кои имаат некакво искуство со менторирање или се заинтересирани да станат ментори.

 

Рок за пријавување: 24 декември 2015 до 17 часот.