The Touch exhibition image
Date
Среда 15 Септември 2021 до Петок 15 Октомври 2021

Датуми: 16 и 23 септември, 1, 7 и 14 октомври 2021 година, секогаш во 11:00 часот

Кураторот ќе организира стручно водење низ изложбата и ќе сподели информации за концептот околу кој е оформена изложбата 'Допирот', за вклучените уметници и за нивните дела.

Траење: 30 минути

Модератор: Ана Франговска

Креативен и динамичен уметнички професионалец со дваесетгодишно кураторско, едукативно и истражувачко искуство во современата визуелна уметност. Работи како виш кустос во Националната галерија на Република Северна Македонија во изминатите петнаесет години. Франговска е докторски кандидат за трансдисциплинарни студии по современа уметност и медиуми на Факултетот за уметности и медиуми во Белград.

Присуство: бесплатно

Изложбата 'Допирот' може да ја погледнете во мултимедијалниот центар „Мала станица“ во Скопје.