How to register
How to register image

Важно: Пред да се пријавите за тестот, треба да ги прочитате Општите правила и регулативи (документот е достапен подолу).

Чекор 1: Пријавете се онлајн 

Одберете го тестот, локацијата и датумот подолу.

Забелешка: Тестот нема да биде на оваа листа ако е завршено пријавувањето или нема повеќе слободни места. Проверете го целосниот распоред на испити и период за пријавување.

Select an exam below

Општ англиски

Чекор 2: Платете за тестот

После пријавувањето секој кандидат ќе добие електронска пошта со информации на кој начин може да уплати средства за полагање на тестот.

Може да уплатите на еден од следниве два начини:

  • На нашата жиро сметка во банка 300000001838574 на уплатница ПП10
  • Онлајн при процесот на апликација

Групни пријави: Училишта за странски јазици

Училиштата за странски јазици своите кандидати ги пријавуваат преку системот за онлајн пријавување. Доколку училиштето до сега нема пријавувано кандидати за испитите од Chambridge English, потребно е да не контактира за да направиме пристап за тоа училиште. 

Секако, треба да добиеме и формулар за согласност за фотографирање при пријавувањето. Прочитајте ги и проследете ги на своите кандидати Општите правила и регулативи. 

Може да уплатите на еден од следниве начини:

  • Преку фактура, но откако предходно ќе поднесете  барање да ви ја  изготвиме. Доколку училиштето уплати, но не побара фактура, не сме во можност да изготвиме фактура откако веќе е извршената уплатата.
  • Кандидатите самостојно да уплатат во банка на нашата жиро сметка  300000001838574, на уплатница ПП10