Shakespeare Lives in schools image

Наставниот материјал за училишта „Shakespeare Lives“ го осмисливме во соработка со Royal Shakespeare Company за да ја одбележиме 400 годишнината од смртта на Шекспир во 2016 година. 

Наменски подготвениот материјал покрива широк спектар на теми низ целиот курикулум, и е поделен во пет тематски целини: лидерство и моќ, семејство и односи меѓу луѓето, идентитет и еднаквост, верба и судбина, правда и владеење на правото.

Во наставните материјали од овој пакет ќе најдете најразлични активности за ученици од 7 до 14 години (дури и до 18 години). Активностите може да послужат при обработка на одредени теми во наставата, како елементи за интердисциплинарен проект кој може да се реализира со други училишта, или како самостојна активност.

За повеќе информации, посетете ја нашата страница British Council Schools Online

Дополнително за инспирација, може да ги прегледате локално снимените #ShakespeareLives #PlayYourPart кратки видеа.

#ShakespeareLives