Помогнете им на вашите деца да го вежбаат англискиот јазик

Посетете ја нашата веб страница LearnEnglish Kids и дознајте на кој начин игрите, приказните и песните можат многу да им го олеснат на вашите деца учењето на англискиот јазик. Нашите експерти за настава по англиски јазик креираат материјали за учење со кои вашите деца ќе бидат ангажирани и ќе се забавуваат со часови.

Исто така имаме и статии кои ќе им помогнат на вашите деца при изучувањето на англискиот јазик, како и видеа за учење англиски дома. 

УЧЕТЕ АНГЛИСКИ ПРЕКУ ИГРИ 

Помогнете им на вашите деца да го вежбаат англискиот јазик додека играат онлајн игри. Тие можат да научат нешто повеќе за екологијата, можат да се обидат да пробијат таен шпиунски код или да му помогнат на некое село да се одбрани од вонземјани.

УЧЕТЕ АНГЛИСКИ СО ПРИКАЗНИ 

Приказните им помагаат на вашите деца да го развијат нивниот вокабулар и да вежбаат слушање. Изберете ја онаа којашто најмногу им се допаѓа и потоа заедно направете ги активности за вежбање.

УЧЕТЕ АНГЛИСКИ ПРЕКУ ПЕСНИ

Пеењето е одличен начин за вашите деца да го подобрат зборувањето на англиски јазик и за таа цел ние имаме многу убави песни во кои тие ќе уживаат.