Новата „нормала“ за многумина од нас значи да правиме повеќе во нашите домови. Ова не значи дека сте сами - Британскиот совет е со вас!
Сакаме да ви помогнеме на кој било начин на кој можеме. Затоа ги собравме нашите најдобри ресурси за да ви помогнеме вам и на вашите деца да учат и да се забавуваат.
Имаме по нешто за секого:
- љубителите на уметноста можат да прошетаат низ еден од нашите интерактивни музеи без да излезат од дома
- секој што сака да работи или студира во странство (кога тоа е можно) може да се подготви и да вежба за тестот ИЕЛТС
- родителите можат да им помогнат на своите деца да учат преку забавни песни и игри
- наставниците можат да ги користат нашите бесплатни материјали за професионален развој и да се поврзат со нивни колеги преку еден од нашите вебинари.
Изберете ги деловите што најмногу ве интересираат и почнете да истражувате…