General English
General English image

Контактирајте нè
Пратете ни порака
или јавете се во нашата канцеларија

Без разлика дали сте апсолутен почетник, или сте добар говорител што сака да ги усоврши своите јазични вештини, дали сте студент, или сте професионалец, ние имаме испит за вас.

Cambridge English: Key (KET) и Key for Schools (KETfs)

Cambridge English: Key, исто така познат како Key English Test (КЕТ)  и во оваа скала е најниското ниво на општиот испит по англиски јазик. Тој покажува дека можете во секојдневни ситуации да комуницирате на основен англиски јазик.

The Key English Test for Schools (KETfS) е исто ниво како Key English Test  и ве води до истиот меѓународно прифатен сертификат. Единствената разлика е што содржината на испитот е прилагодена на интересите и познавањата на училишните деца.

Ниво на квалификација: основно = A2 според Заедничката европска рамка.

Кој треба да го полага овој испит?

Треба да го полагате KET ако сте поминале околу 250 часови учење, или вежбање и ако можете да зборувате, да пишувате и да разбирате основен англиски јазик. Овој испит е првиот чекор во градењето на вашето знаење по англиски јазик за вашата идна работа, или учење. За да го полагате испитот треба да бидете способни:

  • Да поставувате и да одговарате на прашања за вас и за другите
  • Да разбирате соопштенија и упатства кога луѓето зборуваат бавно и јасно
  • Да им кажете на луѓето што мислите за нешто што сте го прочитале, или сте го слушнале

Каква е формата на испитот?

Испитот има три дела. Истиот ден ги полагате деловите за читање и пишување и за слушање. За зборувањето можеби ќе треба да дојдете некој друг ден. Делот за зборување се спроведува со двајца испитувачи и со уште еден кандидат.

KET/KETfs Читање и пишување Слушање Зборување
Дозволено време 1 час 10 мин 30 мин 8 -10 мин. по кандидат
Оценки (% од вкупното) 50% 25% 25%

Cambridge English: Preliminary (PET) и Preliminary for Schools (PETfS)

Овој тест е познат и како воведен тест по англиски јазик (РЕТ), и воведен тест по англиски јазик за училишна возраст (PETfS). Испитот покажува дека можете да комуницирате на англиски јазик во практични, секојдневни ситуации. Тоа пак ќе ви даде добра основа ако сакате да добиете професионални квалификации по англиски јазик.

Ниво на квалификација: средно = В1 во Заедничката европска рамка.

Кој треба да го полага овој испит?

Учењето за испитот РЕТ ќе го подобри вашето знаење на англискиот јазик така што ќе можете да комуницирате кога патувате, или со говорители на англискиот јазик да разговаратеза вработување.

За да го полагате испитот треба да бидете способни:

  • да го искажете она што ви се допаѓа или не ви се допаѓа и за тоа да дискутирате 
  • да разбирате говорни и пишани соопштенија и упатства
  • да напишете писмо, или да фаќате белешки од состанок, или од дискусија

Каков е процесот на испитување?

Испитот има три дела. Истиот ден ги полагате деловите за читање и пишување, како и за слушање. За зборувањето можебиќе треба да дојдете  друг ден. Делот за зборување се спроведува со двајца испитувачи и со уште еден кандидат.

PET/PETfs Читање и пишување Слушање Зборување
Дозволено време 1 час 30 мин 30 мин 10 -12 мин. по кандидат
Оценки (% од вкупното) 50% 25% 25%

Cambridge English: First (FCE) и First for Schools (FCEfS)

Со оваа општа квалификација се докажува дека можете да говорите и да пишувате на англиски јазик доволно добро за да можете да работите, или да учите во опкружување каде се говори исклучиво англиски јазик

Ниво на квалификација: високо средно = В2 во Заедничката европска рамка.

Кој треба да го полага овој испит?

За FCE треба да учите ако сакате да работите онаму каде што се говори англиски, да живеете во земја каде што се говори англиски, или да учите (на основно ниво, или на предуниверзитетски курс) онаму каде што се предава на англиски.

За да го полагате испитот треба да можете:

  • да пишувате куси извештаи и електронски пораки
  • да објасните идеја, или да имате детална дискусија на англиски
  • да разбирате општ англиски јазик на ТВ и во весниците

Каков е процесот на испитување на испитот FCE?

Toj има пет дела. Пишувањето и читањето, користењето на англискиот јазик и слушањето ќе ги завршите во еден ден. Делот за зборување можеби ќе биде друг ден, а тој се спроведува со двајца испитувачи и со уште еден кандидат.

FCE/FCEfs Читање Пишување Користење на англискиот јазик Слушање Зборување
Дозволено време 1 час 1 час 20 мин 45 мин 40 мин 14 мин. по кандидат
Оценки (% од вкупното) 20 % 20 % 20 % 20 % 20 %

Cambridge English: Advanced (CAE) (Напреден)

Cambridge English: Advanced е познат и како Cambridge Advanced Certificate in English (CAE). Оваа генерална квалификација  покажува дека вашиот англиски е со стандард очекуван од професионален бизнисмен, или од студент на додипломски студии.

Ниво на квалификација: напредно = С1 според Заедничката европска рамка.

Кој треба да го полага овој испит?

САЕ треба да го полагате ако сакате пред работодавците, или на конкурси за универзитетите да  докажете дека со сигурност можете на англиски јазик да комуницирате  во професионални и во академски ситуации кои се на високо ниво. За да го полагате испитот треба да бидете способни на англиски јазик:

  • да пишувате сложени извештаи и електронски пораки и да водите белешки на состаноци или на предавања
  • да презентирате сложени идеи 
  • да разбирате разни текстови, од белетристика до новински коментари

Каков е процесот на испитување?

Испитот за САЕ има пет делови. Пишувањето и читањето, користењето на англискиот јазик и слушањето ќе ги завршите во еден ден. Делот за зборување може да биде некој друг ден. Тој делго спроведуваат  двајца испитувачи и задолжително со уште еден кандидат.

CAE Читање Пишување Користење на англискиот јазик Слушање Зборување
Дозволено време 1 час 15 мин 1 час 30 мин 1 час 40 мин 15 мин. по кандидат
Оценки (% од вкупното) 20 % 20 % 20 % 20 % 20 %

Cambridge English: Proficiency (CPE)

Cambridge English: Proficiency е познат и како Cambridge Certificate of Proficiency in English (CPE). Оваа квалификација покажува дека сте го усовршиле англискиот јазик и дека можете течно да го користите во сложени истражувања, во академски и во професионални ситуации. Ова е највисоката квалификација за Cambridge English.

Ниво на квалификација: најнапредно = С2 во Заедничката европска рамка.

Кој треба да го полага овој испит?

Треба да го полагате СРЕ ако сакате на работодавците да им докажете дека  англискиот јазик можете да го користите во стручни деловни кругови, или пак ако сакате да студирате на постдипломско, или на докторско ниво на универзитет каде што се говори англиски. 

За да го полагате испитот треба да бидете способни на англиски:

  • да разберете речиси сè што ќе слушнете, или што ќе прочитате 
  • да го разбирате формалниот, академскиот и секојдневниот јазик
  • да преговарате, да расправате и да дискутирате за чувствителни прашања и на сложени теми

Како функционира процесот на испитување?

Испитот за СРЕ има пет делаови, од коипишувањето и читањето, користењето на англискиот јазик и слушањето ќе ги завршите во еден ден, а  делот за зборувањето можеби ќе треба да биде друг ден. Овој дел пак се спроведува  пред   двајца испитувачи и со  вас ќе има уште еден кандидат.

CPE Читање и користење на англискиот јазик Пишување Слушање Зборување
Дозволено време 1 час 30 мин 1 час 30 мин 40 мин 16 мин. по кандидат
Оценки (% од вкупното) 40% 20% 20% 20%