Young Learners
Young Learners image

Контактирајте нè
Пратете ни порака
или јавете се во нашата канцеларија

Испитите за најмлади ученици (YLE) се така направени  за даможат да ги оценат  јазичните познавања на деца на возраст од седум до дванаесет години и се достапни на три нивоа за оценка (почетно – Starters, средно – Movers и напредно – Flyers). Со нив, преку следење на нивниот напредок, децата се охрабруваат да продолжат да работат и да учат.

Cambridge English: Starters

Cambridge English: Starters е првото од трите нивоа на Cambridge English ( тест  составен од Одделот за сертифицирање на англискиот јазик при Универзитетот во Кембриџ) кога станува збор за тестови за почетници (YLE) , а тоа се  деца на возраст помеѓу 7 и 12 години. Со овој тест вашето дете ќе се охрабри да учи англиски од најрана возраст и ќе има послободен однос кон тестовите за јазици.

Ниво на квалификација: Прелиминарно (воведно) 

Кој треба да го полага овој тест?

Децата што го полагаат овој тест обично се на возраст од 7 до 8 години и имале околу 100 часови по англиски јазик. На тестот вашето дете ќе треба на англиски:

  • да ги распознава боите 
  • да одговара на многу едноставни прашања 
  • да напише куси одговори (со еден збор) на основни прашања

Што се случува кога се полага овој тест?

На овој тест нема положување, или паѓање, туку се доделуваат штитови. Вашето дете може да добие најмногу пет штита за секој дел од тестот. Бројот на штитови што се даваат за секој дел ќе биде наведен и во сертификатот, а тој се добива приближно еден месец после одржувањето на тестот.

Слушање Читање и пишување Зборување
20 мин 20 мин 3-5 мин
Максимум пет штита Максимум пет штита Максимум пет штита

Cambridge English: Movers

Cambridge English: Movers е второто од трите нивоа на Cambridge English тестовитe за почетници (YLE), односно за деца на возраст помеѓу 7 и 12 години. Со овој тест вашето дете ќе се охрабри да комуницира на англиски во секојдневни ситуации и ќе биде послободно кога ќе прави тестови за јазици.

Ниво на квалификации: Почетно = A1 во Заедничката европска рамка

Кој треба да го полага овој тест?

Децата што го полагаат овој тест обично се на возраст од 8 до 11 години и имале околу 175 часа по англиски јазик. На тестот вашето дете ќе треба на англиски:

  • да разбира основни упатства 
  • да пополни едноставен формулар или да одговори на едноставни прашања 
  • да одговори на прашања и да напише едноставни факти (како на пример: деновите во неделата, часовите или некои имиња) што ќе ги слушне или ќе ги прочита во приказна за деца

Како се оценува на овој тест? 

На овој тест нема положување, или паѓање, туку се доделуваат штитови. Вашето дете може да добие најмногу пет штита за секој дел од тестот. Бројот на штитови што се доделуваат за секој дел ќе биде наведен во сертификатот, а него ќе го добиете приближно еден месец после одржувањето на тестот.

Слушање Читање и пишување Зборување
25 мин 30 мин 5-7 мин
Максимум пет штита Максимум пет штита Максимум пет штита

Cambridge English: Flyers

Cambridge English: Flyers е највисокото од трите нивоа на Cambridge English: тестови за млади ученици (YLE) кои се наменети за деца на возраст помеѓу 7 и 12 години. Со овој тест се покажува колку вашето дете може да разбере едноставен англиски јазик во секојдневни ситуации и дали може да комуницира на основен англиски. Ниво на квалификации: Основно = A2 во Заедничката европска рамка.

Кој треба да го полага овој тест?

Децата што го полагаат овој тест обично се на возраст од 9 до 12 години и на училиште две до три години учат англиски како втор јазик (односно, минале околу 250 часа по англиски јазик). На тестот вашето дете ќе треба на англиски јазик:

  • да ги објасни разликите помеѓу две приказни, или слики
  • да напише, или да раскаже куса приказна 
  • да поставува прашања и да користи минато време. Тестот Cambridge English: Flyers е еднаков на тестот KETfS.

Како се оценува на овој испит? 

На овој тест нема положување, или паѓање, туку се добиваат штитови. Вашето дете може да добие најмногу пет штита за секој дел од тестот, а тие ќе бидат наведени во сертификатот. Сертификатот пак ќе го добиете приближно еден месец после одржувањето на тестот.

Слушање Читање и пишување Зборување
25 мин 40 мин 7-9 мин
Максимум пет штита Максимум пет штита Максимум пет штита