A young woman with long, dark hair is writing in a note pad and speaking to a young man with a beard and denim jacket in a corridor

Им помогнавме на новинари од Западен Балкан преку менторство и обука како да известуваат за глобалната пандемија.

Репортерите кои ги покриваат локалните вести создаваат разни стории и пишуваат за голем број теми. Меѓутоа, откако започна пандемијата со Ковид-19, медиумите не само што се соочуваат со зголемена побарувачка за вести со ограничени ресурси, туку и со огромен наплив од „лажни“ вести за вирусот.  

Соочени со предизвикот да известуваат точно за Ковид-19, тимот на проектот „Media for All“ реагираше на вонредната ситуација со развој на прилагодена програма за обука и менторство за избраните медиуми од Западен Балкан.

Меѓународната репортерка за здравство и наука, Кери Шеридан, одржа низа работилници за медиумите кои учествуваат во проектот. Таа изјави: „Уште на почетокот од 2020 година, медиумите ширум светот се мачат да обезбедат вести за коронавирусот, а многумина се и без колеги новинари кои известуваат за наука и здравство.“ 

„Имаме за цел преку програмата „Media For All“ да споделиме добри практики со новинарите, да им покажеме на репортерите како да стигнат до извори на точни информации и да ги советуваме како да ги пронајдат и интервјуираат вистинските експерти, за да може да ја стават во контекст оваа ситуација која секојдневно се менува.“  

Во проектот учествуваа шеснаесет локални медиуми од регионот, кои работат во помали градови и кои ќе имаат најголема корист од менторството и обуката за создавање релевантна содржина заснована на факти за пандемијата.

Заедно со нашиот партнер „Албени Асосиејтс“ спроведовме работилници за справување со лажни вести преку проверка на содржината. На овие сесии присуствуваа новинари од целиот регион коишто сметаат дека обуката е навистина корисна, особено делот посветен на препознавање лажни видеа и фотографии и вршење проверка на факти. 

Борбата со лажните вести и дезинформациите

Сите медиуми добија ментори, со цел да ги советуваат околу развивањето идеи за стории на теми поврзани со кризата предизвикана од Ковид-19, вклучително здравството, образованието, економијата, спортот, семејното насилство, политиката и човечките интереси. 

Менторката Жанета Скерлев изјави: „Им помагав на новинарите да ги стават вестите во контекст и да создадат вести кои се од интерес за нивната публика. Опфативме стории со луѓе за тоа какво влијание има Ковид-19 врз луѓето – од тоа како изгледа еден ден од животот на медицинска сестра, за тоа како на сопственик на продавница речиси ќе му пропаднал бизнисот, па сè до тоа како родителите на деца со посебни потреби се справуваат со ограничувањата.“   

Менторите работеа со сите видови медиуми – онлајн медиуми, телевизии, радија и дигитални медиуми. Тие го прилагодија пристапот во склад со потребите на секој од медиумите. Најголем предизвик претставуваше тоа што повеќето медиуми работат со малкуброен персонал, а од Ковид-19 беа засегнати и некои од менторите и менторираните лица. 

„Со два од медиумите работев со искусни новинари, па тие немаа потреба од практична поддршка колку што имаа потреба младите новинари од третиот медиум. Меѓутоа, еден од најважните резултати е тоа што разговаравме за разните пристапи за известување. Исто така, им помагав на тимовите со нивните менаџерски и организациски вештини, за да можат поефикасно да управуваат со своето време и да создадат подобар производ. Благодарение на моите совети и научените практични вештини, еден од уредниците рече дека забележал зголемување на читаноста на статиите за Ковид-19 на неговиот медиум“, изјави Саша Лековиќ, којшто обучуваше три медиуми.  

Заедно со нашиот партнер „Албени Асосиејтс“ спроведовме работилници за справување со лажни вести преку проверка на содржината. На овие сесии присуствуваа новинари од целиот регион коишто сметаат дека обуката е навистина корисна, особено делот посветен на препознавање лажни видеа и фотографии и вршење проверка на факти.