Со поддржка на Министерствово за надворешни работи на Обединетото Кралство и Северна Ирска (Форин офиц), Британски совет го спровеува проектот „Поттикнување на претприемаштво на млади во Западен Балкан“. Целта на проектот е поддршка на млади луѓе од регионот да почнат сопствен бизнис и да ги подобрат своите работни вештини преку квалитетна програма за обука и експертиза од Велика бритнаија. Исто така, проектот треба да им помогне на одговорните лица за креирање и донесување политики за младинско претприемаштво да им помогнат на следните генрации претприемачи.
Проектот е насочен на јакнење на деловните и дигитални вештини на младите претприемачи. На овие активности е додадена и поддршката за владите во регионот во предлагањето политики кои ќе овозможат поволна претприемачка околина.
Проектот ги вклучува следните активности:
- Регионална конференција за младинско претприемаштво за претставници на одговорни институции, Скопје, 26 ноември 2015 година
- Натпревар за млади претприемачи, февруари 2016 година
- Студиска посета во Велика Британија за претставници на институции и млади претприемачи, март 2016 година
Следете ги новостите кои дополнително ќе ги објавуваме на оваа страница.
Дознајте повеќе и следете нè на #WesternBalkanStartups.