Нашата Пилот-програма има за цел да Ве поттикне, да Ви понуди можности за вмрежување, како и да помогне да се унапреди личниот и професионалниот развој на жените од шесте земји од Западен Балкан (ЗБ) – Албанија, БиХ, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и од Србија. Програмата е предвидено да се реализира онлајн, во периодот од 24 февруари до 14 април 2021 година.
Менторството е насочено кон ВАС – МЕНТОРИРАНОТО ЛИЦЕ и е посветено на Вашиот личен и професионален развој. Со менторството предвидено е да се споделува знаење и искуство, како и да се создаде поттикнувачка средина за учење и надградување разни вештини. Тоа се темели на заемно разбирање, почит и партнерство помеѓу менторираната и менторката. Менторките ќе бидат експертки за медиуми од шесте земји на Западен Балкан.
Доколку сте:
- жена која е на почетокот од својата кариера во медиумите, со веќе докажани успеси;
- искрено заинтересирана да го продлабочите Вашето знаење и професионално да се надградите;
- желна да учите од искусни професионалки од медиумите, да споделувате и да учествувате во дискусија;
- во можност и имате желба да издвоите два часа неделно за индивидуални средби со Вашата менторка;
- во можност активно да учествувате во три онлајн работилници и на две онлајн консултации; и
- имате одлични познавања од англискиот јазик (ниво В2 или повисоко), во тој случај:
Со нетрпение ја очекуваме Вашата пријава!