Workshop PlayUK

Во фокусот на програмата беше работилницата Дневна соба на иднината, што ја организираа Фондацијата за уметност и креативна технологија (FACT) и Би-Би-Си. Работилницата ја истражуваше иднината на радиодифузијата и како луѓето се вклучуваат во персонализиран животен простор со користење на уреди од Интернет на работи (ИР). Триесет учесници од Западен Балкан што работат во полето на ИР и дигитални медиуми беа поканети да учествуваат на работилницата и да ги прошират знаењата во оваа област преку работа со нивните колеги од ОК и регионот. 

Уште еден деликатес за креативците од оваа област беше работилницата на Forensic Architecture, мултидисциплинарна истражувачка група што истражува случаи на воени злосторства и прекршувања на човековите права со користење на архитектонски докази. Ова беше возбудлива можност лично да се види работата на групата што влезе во потесен круг за Тарнеровата награда 2018; работилницата се одржа во Музејот на современа уметност-Скопје на 29 и 30 октомври. Исто така, организацијата за дигитална иновација од Манчестер MadLab одржа работилница за ученици (на возраст од 10 до 14 години) со користење на Micro:bit уреди со цел учениците да се запознаат со основните принципи на кодирање за игри. 

Споделете на социјални мрежи