Call 1 - Media for Change, image

Проектот Western Balkans Media for Change ги поканува медиумите во Северна Македонија да аплицираат за грантови.

Овој регионален проект имплементиран низ Западниот Балкан е реализиран од конзорциум предводен од British Council во партнерство со Balkan Investigative Reporting Network (BIRN), Thomson Foundation и INTRAC (The International NGO Training and Research Centre), и е финансиран од Владата на Обединетото Кралство.

Проектот објавува повик за аплицирање во рамките на два ЛОТa:

ЛОТ 1 - Програма Business Innovation Synergiser

ЛОТ 2 - Производство на квалитетна содржина со вклученост на публиката

Заинтересираните може да аплицираат и за ЛОТ1 и за ЛОТ2 според овој Повик за аплицирање, но само една апликација може да биде одобрена за грант (или ЛОТ 1 или ЛОТ 2).

Програма Business Innovation Synergiser

Овој ЛОТ е наменет за етаблирани медиумски организации и поголеми медиуми со потврдена бизнис идеја или веќе развиен план или стратегија, кои имаат капацитет да ја апсорбираат поддршката за спроведување на бизнис идејата/планот/стратегијата.

Активностите од следната индикативна и нецелосна листа, ќе се сметаат за соодветни според ЛОТ 1:

  • Воведување нови или зголемување на постојните услуги, видови на прибирање средства (фандрејзинг), групно финансирање, опции за монетизација;
  • Развој на нови или зголемување на постојните производи и алатки за привлекување и диверзификација на публиката;
  • Спроведување на стратегии за ангажирање на публиката/заедницата, кои би можеле да се искористат за зголемување на довербата и зајакнување на мисијата на медиумите и би можеле да се користат како основа за нов тек на монетизација;
  • Воведување или подобрување на дистрибуција на дигитални содржини и начини за пристап, соодветни за потребите и интересите на нивната целна публика/заедница, со посебен фокус на жените, младите, малцинствата, луѓето на возраст од 65+ години, дијаспората.

Производство на квалитетна содржина со вклученост на публиката

Овој ЛОТ нуди поддршка за производство на квалитетна содржина создадена со вклученост и намена за разновидна публика, вклучувајќи жени, млади луѓе и недоволно застапени групи.

Видовите активности кои се соодветни за поддршка треба да се фокусираат, но не се ограничени на:

  • Производство и објавување на квалитетна содржина во различни формати врз основа на информации и податоци добиени од алатката EngagedCitizensReporting (ECR). Се охрабрува локалната и прекуграничната истражна соработка.
  • Иновативни пристапи и активности за ангажирање на публиката (дебати, кампањи на социјалните медиуми, настани во локалната заедница, соработка со локални граѓански организации и други) во производство на квалитетни, истражувачки, фактички проверени, родово чувствителни, привлечни и иновативни содржини.
  • Иновативни алатки и методи за промоција на произведената содржина која привлекува поголема и поразновидна публика.

Важни забелешки:

  • Апликантот мора да биде правно лице / медиум основан во Северна Македонија, пред 1 јануари 2020 година.
  • Апликантот мора да докаже дека ги има платено сите даноци во согласност со локалното законодавство.
  • Аплицирањето во партнерство со друг медиум/организација зааради пријавување за грант не е дозволено, бидејќи шемата за грантови е фокусирана на градење индивидуалните капацитети на избраните медиуми.
  • Апликантот не може да биде корисник на фондови од Обединетото Кралство или други донации или шема загрантови, за финансирање на активности кои се идентични со оние предложени за оваа шема за грантови.

За подетални информации, Western Balkans Media for Change ги поканува сите заинтересирани страни да ги преземат документите кои се во прилог на оваа објава. Ве молиме, следете ги упатствата во секој документ за тоа како да ја доставите вашата апликација(и).

  • Краен рок за аплицирање за овој повик е 14 февруари 2024 година во 24.00 часот по локално време.
  • Пријавите мора да бидат пополнети на англиски јазик.

Онлајн инфо сесија

Во врска со овој повик, проектот Western Balkans Media for Change ќе одржи онлајн информативна сесија во Вторник, 30 јануари 2024 година во 11.00 часот за да ги информира потенцијалните апликанти за целите на повикот, процесот на аплицирање и да им овозможи на заинтересираните апликанти да постават прашања и да добијат појаснувања.

Медиумите заинтересирани да присуствуваат на информативната сесија може да се регистрираат со испраќање на следните информации - име на медиум, име на претставник(ци), позиција(и) и е-пошта, на mediagrantsmkd@britishcouncil.org.

Пријавувањето на учесниците е отворено до 14.00 часот во понеделник, 29 јануари, што ни овозможува време да ја испратиме агендата и линкот за онлајн сесијата до сите заинтересирани учесници преку е-пошта. Работниот јазик на сесијата е Македонски.

Доколку ја пропуштивте нашата инфо сесија, прочитајте ги поставените прашања и одговори: FAQ

Споделете на социјални мрежи