Дејмиен Хрст е роден во Бристол. Студирал на Jacob Kramer College of Art, Leeds (1983 – 1985 година) и на Goldsmiths College, University of London (1986 - 1989).
„Уметноста се занимава со животот, и не знам со што друго би можела да се занимава... и онака нема ништо друго.“
Идеен творец е на групната изложба наречена „Freeze“ во 1987 година и исто така се јавува во улога на нејзин кустос. Генерално се смета дека оваа изложба ги отворила вратите не само на Хрст, туку и на цела една генерација британски визуелни уметници.
Од крајот на осумдесеттите години, Хрст користи разни комбинации инсталации, скулптури, слики и цртежи за да ги истражува сложените односи помеѓу уметноста, животот и смртта. Низ своите дела тој ги истражува современите системи на верување и им поставува предизвици, при што ги сецира неизвесностите во срцето на човековото искуство.
Од 1987 година досега низ целиот свет се прикажани повеќе од 80 самостојни изложби на Дејмиен Хрст, а неговите дела беа составен дел на повеќе од 260 групни изложби. Хрст е добитник на Тарнеровата награда во 1995 година.
Некои од најпознатите и најпризнати дела на Дејмиен Хрст се, меѓу другото, и Физичката неможност од смрт во свеста на живо суштество (The Impossibility of Death in the Mind of Someone Living (1991) – стаклен аквариум со тигар - ајкула потопена во формалдехид; За љубов Божја (For The Love of God (2007) – човечки череп од 18 век излеан во платина и покриен со 8.601 дијаманти, и Аптека (Pharmacy (1992) – уметничка инсталација на аптека во природна големина.