Тетрахидроканабинол (2004), © Дејмиен Хрст and Science Ltd. Сите права задржани, DACS 2016

Паралелно со изработката на скулптури, Хрст има работено и на бескрајна серија слики со точки, генерички наречени Фармацевтски слики (The Pharmaceutical Paintings). Зборувајќи за нив тој вели дека се работи за „научен пристап кон сликарството, слично на начинот на кој фармацевтските компании научно му пристапуваат на животот“.

Сликите со точки на Хрст спаѓаат во едни од најпрепознатливите во современата уметност. Тие се симбол кој е универзално признаен и кој ги надминува границите на културата и на јазикот.

За својата прва поважна серија графики, Тајната вечера (The Last Supper), 13 графики во ситопечат од 1999 година, Хрст го засноваше дизајнот на амбалажите на одредени медикаменти, но притоа нивните оригинални имиња ги менува со имиња на секојдневна британска храна која се служи во кафеани. 

Дополнителни страници

Споделете на социјални мрежи