Градиме држави и поврзуваме култури: образовни политики, економски развој и вклучување

Од вторник, 3 мај 2016 до четврток, 5 мај, Кејптаун

Што мислите дека би направило критична промена во прифаќање на различностите во областа на високото образование? Каква е улогата на обезбедување квалитет во високото образование при изградбата на јак и отворен економски систем? Приклучете се на конференцијата Going Global 2016 за да дебатирате на овие и на слични прашања со лидерите од областа на образованието од целиот свет.

Going Global е отворен форум на кој лидерите од образованието од цел свет може да дискутираат за проблемите, предизвиците и можните програми за соработка во областа на високото образование.

Од своите почетоци во 2004 година, конференцијата Going Global се одржуваше секоја втора година. Сега прерасна во годишна конференција која наизменично се одржува во Велика Британија и во други големи градови ширум светот и привлекува повеќе од 1000 учесници од образовниот и од други сектори кои дискутираат за иднината на образованието во меѓународна сфера.

Going Global 2016 ќе се фокусира на образованието од неколку аспекти:

  • Образовна политика: локални приоритети, национални системи и глобални двигатели
  • Економски развој: вештини, претприемнички дух, истражување и иновации
  • Вклученост: демократија, социјална правда и меѓународни односи

 

Пријавување

Пријавете се за конференцијата Going Global 2016 која ќе се одржи од вторник, 3 мај до четврток, 5 мај во Кејптаун. 

Рок за рано пријавување по пониска цена: петок, 12 февруари 2016 година.

 Рок за пријавување на учесници: петок, 15 април 2016 година.

 За повеќе информации за процесот на пријавување и котизација, прочитајте тука.

Можности за спонзорство и излагање

Спонзорските пакети нудат можност за промоција. Истовремено нудат можност да запознаете меѓународни лидери и лица кои донесуваат одлуки во областа на високото образование со својата организација. 

Going Global билтен

Можете да се пријавите за електронскиот билтен на Going Global за да ги добивате најновите информации и вести за конференцијата.

Going Global 2015

Минатогодишниот дводневен настан Going Global 2015, кој се одржа во Лондон со повеќе од 1300 учесници, постигна огромен успех.