Entrepreneurship photo

Британскиот совет, Шведскиот институт и универзитетот во Хертфордшир работеа заедно на истражување за пречките со кои се соочуваат претприемачите при развој на микро, мали и средни претпријатијаво Западниот Балкан. 

Универзитетот во Хертфордшир спроведе детално истражување, на чело со Најџел Калкин и Ричард Симонс. Резултат од истражувањето се шест извештаи од секоја земја засебно, и еден детален извештај за Западниот Балкан како целина со кој се истакнуваат областите во кои треба да се работи на развој на претприемништвото, во дадените земји и регионот.

За време на настанот „Breaking Barriers to Entrepreneurship“ кој се одржа во март 2018 година, во Белград (Србија), имавме чест да ја проследиме презентацијата на Најџел Калкин за најважните откритија од истражувањето. Во оваа прилика имавме можност за прв пат да дискутираме за резултатите од истражувањето, да размениме искуства, да учиме едни од други и да споделиме вредни ресурси и информации со клучните стејкхолдери, како и со експерти од Велика Британија.

За повеќе информации за пречките со кои се соочуваат претприемачите во Македонија и Западниот Балкан, превземете ги документите прикачени на крајот на оваа страница.