ПОВРЗУВАЊЕ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН И ВЕЛИКА БРИТАНИЈА
Организациите коишто работат во креативните и дигиталните индустрии стануваат се поважни за развој на локалите заедници. Ги анализиравме потребите на 129 дигитални бизниси во Западен Балкан и развивме интензивна програма за мобилност и развој на кадри, како и за зајакнување на соработката во областа дигитални индустрии меѓу Западен Балкан и Велика Британија.
Нашата цел е да се поврзат хабови, бизниси во зародиш и мали и средни претпријатија во областа на креативната индустрија, технологија и образование од Западен Балкан со нивните колеги и партнери од Велика Британија и да се иницираат соработки.
Претставници на 50 дигитални хабови и 24 градови се пријавија за учество во проектот со цел да помогнат во развојот на Западен Балкан преку креирање политики.
Проектот е финансиран од британската влада, а реализиран од Британски совет во Македонија, во партнерство со Creative England и Culture Code, во Западен Балкан и Велика Британија.
АКТИВНОСТИ
- Почетна конференција за презентација на искуства од Британија.
- Симпозиум за поврзување на преставници од градови од Западен Балкан и Велика Британија и споеделување искуства за креирање политики.
- Развој на капацитетите за дигитални индустрии кај професионалци од Западен Балкан и Велика Британија.
- Интензивна обука за професионалци од 39 хабови и мали и средни претпријатија.
- Шема за мобилност, вклучително споделување знаење, искуства, размени и иницирање соработки.
- Кратки интензивни проекти за соработка во областите: дигитализација на градови, иновирање во креативни индустрии и дигитално образование.
- Завршна конференција за претставување на проектите и остварување можности за идна соработка на тема дигитални индустрии.