Да дознаат повеќе за начинот на кој функционира дигиталната индустрија во Велика Британија
Манчестер и Бристол се два града познати по своите динамични, креативни и дигитални индустрии што беше и причината поради која ги одбравме како следни дестинации во нашиот проект.
Во текот на посетата учесниците посетија неколку креативни и дигитални хабови со цел да се запознаат со различни деловни пристапи. Исто така присуствуваа и на настанот „Биди повеќе Манчестер“, нагледен настан од областа на креативната и дигиталната индустрија со квалитетна дискусија и можности за вмрежување.
За време на посетата, на учесниците им се обрати Градоначалникот на Манчестер кој говореше за креативните индустрии во Манчестер, и дознаа повеќе за Sharp Project - стар магацин за електроника што денес преку креативен дигитален бизнис придонесува со 32 милиони фунти во локалната економија.
Ема Чешир, Генерален директор на DotForge, водечки провајдер за убрзување на процесот за започнување технолошки бизнис, водеше една од работилниците за развој, креирани за подобрување на капацитетите на учесниците во програмата.
Во текот на посетата се организираа лични средби помеѓу учесниците од Западен Балкан и претставниците на малите и средни претпријатија од Велика Британија кои работат во различни сфери на дигиталните индустрии. Овие средби придонесоа во развојот на врските и обезбедија одлични можности за развој на нови партнерства и проекти со меѓусебна соработка.