Изборот на учесниците во проектот „Дигитални градови“ не беше ни малку лесна работа за нас. По темелна анализа на стотина пријавени, избравме осум хабови, пет компании и една невладина организација од Западен Балкан. Сите избрани учесници сега работат со нас на поврзување на професионалците во креативните индустрии од Западен Балкан со колегите од Велика Британија.

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА УЧЕСНИЦИТЕ ВО ПРОЕКТОТ:

ХАБОВИ

Spark

SPARK претставува напредна дигитално-технолошка платформа од Мостар, Босна и Херцеговина. Се состои од SPARK училиште, SPARK за истражување и развој, SPARK за стартап, и SPARK за бизнис. Секој оддел има свои цели: да ја подобри информатичката писменост кај младите, да ја трансформира информатичко-технолошката индустрија во регионот на Југоисточна Европа, да лансира прилагодени производи и да овозможи иноватовни, креативни и ефективни маркетиншки решенија, во главно за старап бизнисите.

Protik иновативен центар

Иновативниот центар Protik  претставува центар за развој на информативни и комуникациски технологии во Тирана, Албанија. Нивната идеја е да поттикнат иновации и претприемништво, со зголемување на побарувачката за производи и услуги од областа на информациска и коминикациска технологија.

Networks

Networks е деловен центар и работен простор во Сараево, Босна и Херцеговина. Целта на Networks е создавање на афирмативен екосистем за развој на стартап бизниси. Покрај тоа, ја подржуваат дигитализацијата и ребрендираното работење преку иновативни услуги.

Иновативниот центар Jakova

Иновативниот центар Jakova е деловен инкубатор од Косово. Нивна цел е едуцирање на новите бизниси за структурирање на идеите, имајќи го предвид истражувањето на пазарот, лиценсирање на производи, финансиски проекции и собирање средства, како и тимската работа.

Open Data Kosovo

Open Data Kosovo е граѓанска технолошка организација која смета дека технологијата има клучна улога во придонесот за квалитетно управување, транспарентност и воопшто во општеството.

BSCBar

BSCBar е делован инкубатор од Бар, Црна Гора. Тие го подржуваат и помагаат креирањето и растот на малите и средни претпријатија во Црна Гора, како и меѓусебната соработка - трансфер на технологија, заеднички вложувања и пристап до меѓународниот пазар.

Deli

Deli е креативен работен простор од Ниш, Србија. Имаат за цел да ги идентификуваат потребите на креативните луѓе за индивидуална и вмрежена работа, создавајќи простор за образование, креативно и континуирано учење и напредок.

SEE-ICT

SEE-ICT е центар во Србија за технологија, иновативно претприемништво, општествена активност и вмрежување. Нивната главна мисија е до 2020 година да се образуваат 100.000 лица за основните и претприемничките вештини во информативната технологија, и да им помогнат на истите да пронајдат или креираат работни места во ИТ индустријата.

КОМПАНИИ

EasyPay

EasyPay е албанска компанија што работи во областа на дигитализација на финансиски услуги. Станува збор за мобилна онлајн платформа која нуди сеопфатни решенија за побрзо плаќање на сметки.

GotSolution

Gotsolution од Босна и Херцеговина се состои од три различни бренда. JSGuru е високосспецијализирана работилница за развој на JavaScript. JSU е фокусиран на едукација на деца и возрасни за информативна технологија, додека пак Qlab е работен простор кој го промовира претприемништвото и можностите за информативната технологија.

Cacttus

Cacttus од Приштина се посветува на давање квалитетни технолошки решенија и професионални услуги со цел за постигнување локален и регионален развој.

InPlayer

InPlayer Hub од Скопје, Македонија има долгорочна цел да ја редефинира монетизацијата на дигиталните средства со воведување на нови технологии и подобрување на корисничкото искуство.

Coprix

Coprix од Белград, Србија креира наставни средства во облик на апликации што ги користат најновите технологии со цел да овозможи персонализирани образовни искуства засновани на специфични потреби и сили на секое дете.

НЕВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИ

Digitalizuj.me

Црногорската невладина организација Digitalizuj.me има мисија да им помогне на локалните граѓани и организации да ги разберат и реализираат новите возбудливи можности за општествени промени и развој на бизнис во дигитално опкружување. Сега, откако се запознавте со сите учесници, посетувајте ја нашата веб страница за да го следите нивното тримесечно дигитално патување.

Дополнителни страници