На дводневната завршна конференција која се одржа во Бирмингам се собраа академски стручни лица и професионалци од областа на дигиталната индустрија, кои се претставија како говорници и учесници во проектот.
Крајот на март го обележа и крајот на тримесечниот проект.
Со проектот се потпомага просперитетот, безбедноста и стабилноста преку размена и унапредување на дигиталните практики и стратегии на градските администрации, како и преку развој на вештини и капацитети за соработка на дигиталните професионалци ширум Западен Балкан и Велика Британија.
Во текот на изминатите три месеци учесниците од регионот на Западен Балкан стапија во контакт и почнаа да соработуваат со своите колеги од Велика Британија. Како резултат, се развија неколку многу интересни софтверски решенија и се одржаа настани со размена на знаења во целиот регион.
На листата на спикери на конференцијата се најдоа професори од различни универзитети во Велика Британија, како што се Ормистон Академија од Бирмингам и Универзитетот на Западна Англија, како и професионалци од областа на дигиталната индустријата, се со цел да се слушнат нивните директни пристапи и идеи за развој на дигиталната индустрија, како во јавниот, така и во приватниот сектор.
На првиот ден од конференцијата беа вклучени презентации и панел дискусии на тема развој на дигитални стратегии за градовите, ставајќи акцент на отворена дискусија и инетрактивност. Попладнето беа организирани две работилници (една за деловни претприемачи, а другата за градска администрација и политичари) со цел подетално да се разработат прашањата што се наметнаа во првиот дел од презентацијата. На завршната панел дискусија се разработи улогата на универзитетите во развојот на креативните дигитални кластери.
Вториот ден беше резервиран за учесниците во проектот и за презентација на нивните проекти. Од развој на игри до подготовка на музички софтвер и хакатон, учесниците покажаа колку неверојатни работи се случуваат кога тимски ќе се здружат соодветните луѓе!