NTE 2018

РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА И САЕМ „НОВИ ТЕХНОЛОГИИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО 2018“

Петта година по ред ги организираме конференцијата и саемот „Нови технологии во образованието“ со цел да се подобри квалитетот на образованието во овој дел на светот преку користење на информации и комуникациски технологии. Настанот ќе се одржи во „Белекспоцентар“ и просториите на „Холидеј Ин“ хотел во Белград, Србија, од 8 до 9 јуни 2018 година. Оваа година „Мајкрсофт“ е нашиот платинум партнер.

Секоја година настанот го посетуваат повеќе од 7,000 вработени во предшколски и школски институции, универзитети и други организации од областа на образованието. Настанот „ Нови технологии во образованието“ е одлична прилика за да се запознаат и остварат контакти со стручни лица, иноватори, ентузијасти и партнери не само од регионот, туку и од целиот свет.

Учеството на конференцијата е бесплатно, а презентациите ќе бидат одржани на српски и англиски јазик. Програмата ќе се изведува во неколку сали во текот на два дена, паралелно со разновидната самеска програма која вклучува голем број на изложувачи од регионот и пошироко. Претставник од Северна Македонија е Владимир Трајковиќ.

 

НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА ЌЕ СЕ РАЗРАБОТАТ СЛЕДНИТЕ ТЕМИ:

  • Работа на проекти и креативност во училницата
  • Клучни вештини и интелектуален развој
  • Развој на дигитални содржини потребни за учењето и употребата на ИКТ при учењето на други предмети
  • Алгоритамско размислување и кодирање
  • Инклузивно образование и помошни технологии
  • Управување со училиште за време на процесот на дигитализација
  • Стручно образование и дигитални индустрии. 
Споделете на социјални мрежи