Програмата за унапредување на улогата на науката има за цел да придонесе за издржливост на државите, заедниците и граѓаните низ регионот на Западен Балкан кон пандемијата со ковид-19 и нејзините неповолни влијанија, преку промовирање на науката и користење на научните докази. Тематскиот фокус на програмата е околу пандемијата со ковид-19 и нејзините неповолни влијанија и прави пресек на различни сектори и теми, како што се животната средина, здравството, образованието, родовите студии, итн.

Програмата ќе изгради капацитети на млади истражувачи во нивната рана кариера за ефикасно комуницирање на научни теми со јавноста, како и за вклучување во политиките на одлучување. Ова ќе се постигне преку две одделни програми за онлајн обука кои ќе траат до три месеци. Вкупно, во секоја од земјите на Западен Балкан ќе бидат обучени до 50 истражувачи кои се на почетокот на нивната кариера.

Програмата ќе обедини жени од академската заедница и ќе создаде мрежа што ќе служи како извор на поддршка, информации, инспирација и заедничко дејствување сега и во периодот попандемијата. Платформата ќе функционира преку низа онлајн разговори и вебинари со цел да се разговара за предизвиците со кои се соочуваа жените во науката и истражувањето за време на пандемијата, да се проценат можните негативни влијанија на пандемијата врз родовата еднаквост и да се дебатираат мерки за ковид- 19кои се родово-чувствителни.

Програмата ќе ги мобилизира и инспирира студентите на додипломски и постдипломски студии да ги применат своите знаења и користењето на научни докази врз проблемите во реалниот свет. Ова ќе се направи преку Предизвикот за ковид-19 за студенти – со кој тие ќе к реираатрешенија за политики засновани на докази поврзани со предизвиците на ковид-19., ќе ги развиваат нивните вештини за критичко размислување, решавање проблеми и комуникација и ќе имаат пристап до можности за онлајн обука во Велика Британија.

Понатаму, програмата ќе овозможи гласовите на младите да бидат слушнати во акциите и одговорите на политиките за пандемијата ковид-19, преку Анкета за отпорност на ковид-19, предводена од младите. Ова ќе се направи со помош на пристапот „граѓанска наука“, со целосно и активно вклучување на младите во раните фази на процесот на истражување, од дизајнирање на прашалник, преку потврдување на резултатите од истражувањето,до презентирање на наодите од истражувањето. Анкетата ќе претставува силен доказ што младинските активисти треба да го користат предкреаторите на политиките, лидерите на невладини организации и донаторите,кога се залагаат своите проблеми и потреби, особено на младите жени, да ги стават, во центарот на напорите за справување со ковид-19 ширум целиот регион.

Конечно, програмата ќе има за цел да ја подигне свеста кај креаторите на политики, донаторите, невладините организации за важноста на науката и користењето на научните докази во процесот на донесување одлуки.