Британскиот совет објавува повик за млади истражувачи за две програми за обука:

Програма за ефикасно комуницирање на научни теми и за јавен ангажман

Програмата за обука има за цел да ги подобри можностите на младите истражувачи ефикасно да комуницираат теми од науката со пошироката јавност. Обуката е наменета за млади истражувачи (кои се стекнале со титулата доктор на науки минатите осум години) од сите дисциплини.

Програмата ќе се реализира во соработка со Универзитетот на Западна Англија (Велика Британија) и so организацијата Тинкрајт (ThinkWrite, Велика Британија).

Програма за комуницирање на научни теми за креирање на јавни политики

Програмата за обука има за цел да ги подобри способностите на младите истражувачи да ги преточат научните истражувања во практични политики и поефикасно да комуницираат со креаторите на политики и другите засегнати чинители.

Обуката е наменета за млади истражувачи (кои се стекнале со титулата доктор на науки минатите осум години) кои е бават со истражувања во следниве области: здравство, социјална грижа, образование, животна средина, земјоделство, енергија, управување со ризик од катастрофи, економија итн.

Програмата ќе се реализира во соработка со Додс парламентари комуникејшнс (Велика Британија).

Краен рок за доставување на пријавите е понеделник, 1 декември, до 23 часот по македонско време.