Пилот-програмата за менторство е предвидено да се реализира во периодот од 24 февруари до 14 април 2021 година и опфаќа 15 менторирани новинарки и 6 искусни менторки од шест земји од Западен Балкан. Менторираните новинарки ќе се среќаваат со нивните менторки двапати неделно за да работат на унапредување на нивниот личен и професионален развој. Исто така, тие ќе учествуваат во работилници и ќе имаат консултации на кои ќе ги споделуваат нивните искуства, ќе размислуваат за менторството и ќе се поврзат едни со други.
Програмата има за цел да ги охрабри жените во медиумите. За време на соработката, менторките кои имаат огромно искуство во медиумите ќе имаат можност да советуваат за какви било предизвици, како и да споделуваат знаење, искуство и контакти со новинарките кои ќе ги менторираат. Ова претставува одлична можност за учење, поставување прашања и разменување гледишта.
Менторството е ефикасен метод за професионален развој. Тоа поттикнува раст и мотивација, ги зголемува продуктивноста и вклученоста, го поедноставува поврзувањето на учесниците, го зајакнува идентитетот на жената во заедницата и колективот, придонесува да се прошири мрежата на деловни контакти, создава можности за соработка и размена на идеи и придонесува кон зајакнување на самодовербата.
Разговаравме со една од нашите менторирани новинарки, Амра, за причините поради кои таа сакаше да учествува во програмата.