Video call showing four people either side of a long table looking at the tv screen at the end
©

Mat Wright

Инкубаторот за медиуми опфаќа низа активности и услуги во рамките на програмата „Media for All“ што им ги овозможуваме на новинарите и медиумите ширум Западен Балкан, во кои спаѓаат совети, поддршка и обука. 

Тој опфаќа и работилници за градење капацитети на теми како што се раководење со проектен циклус, финансирање, создавање внатрешни процедури и документација, раскажување стории и подкастови. 

За новинарите предвидена е поддршка за проверка на факти и правна основа, идентификување извори и контакти, како и за воведување нови формати. Инкубаторот за медиуми е предвидено да биде флексибилен и да се прилагодува на потребите на новинарите и медиумите ширум регионот.

Јавни дебати и размена на знаење 

 Нашиот партнер БИРН организира низа настани, вклучително дебати, средби и консултации со кои ќе ја зближи пошироката заедница – и тоа не само новинарите и уредниците, туку и останатите чинители во индустријата, вклучително претставници од Владата, сопствениците и другите засегнати страни – со цел да се разговара за приоритетите на медиумскиот сектор.

 

Прочитајте повеќе за претстојните настани во делот „Новости“.