Што претставува известувањето со вклучување на граѓаните?
При соработка со граѓаните за стории или прашања кои ги интересираат или загрижуваат, медиумите известуваат заедно со својата публика, а не само за неа. Овозможувањето на публиката да предлага теми, да приложува документи, сведоштва или други докази им помага на медиумите да истражуваат и да известуваат за прашањата кои се од интерес за нивната заедница.
Алатка за известување со вклучување на граѓаните
Нашиот партнер БИРН (Балканската мрежа за истражувачко новинарство) создаде алатка за известување со вклучување на граѓаните (ECR). Таа претставува онлајн платформа која им помага на медиумите да ја прашуваат публиката кои теми ја интересираат. Исто така, таа е алатка со која граѓаните можат сигурно и безбедно да пријават какви било прашања или области кои ги загрижуваат.
Со користење на оваа онлајн алатка, новинарите може да спроведуваат разни видови истражувања, анкети и да практикуваат други начини за вклучување на граѓаните. Алатката им овозможува на медиумите и да ги анализираат собраните информации и податоци пред да ги искористат за известување.
Во моментов, преку 20 медиуми ја користат алатката за известување со вклучување на граѓаните. Нашиот партнер БИРН овозможува обуки и менторство за користење на алатката, како за создавање стории, така и за промоција на сториите за публиката. Медиумите започнаа да ја користат алатката и веќе имаат изготвено статии на теми предложени од нивната публика.
Медиумите од разни земји од регионот, исто така, работат заедно на создавањето стории од заеднички интерес. Со помош на алатката за известување со вклучување на граѓаните, медиумите избраа теми од интерес и споделија релевантни информации ширум земјите, со цел да создадат стории кои ќе ги отсликуваат искуствата и интересите на публиката ширум Западен Балкан.