Локалните медиуми – електронски, радиодифузни и печатени – претставуваат важен извор на информации за голем број луѓе од Западен Балкан.
Програмата 'Media for All' има за цел да ги поддржи независните медиуми при изготвувањето на деловните модели и моделите на работење преку обука, стручно менторство и мали грантови, како поддршка со која ќе ги реализираат нивните деловни планови.
Заедно со нашиот партнер, Фондацијата „Томсон“, работиме со 55 избрани медиуми од Западен Балкан, со цел да им помогнеме да станат поотпорни за да остварат подобра соработка со граѓаните и да изготват разновидни содржини за сите граѓани. По тримесечната интензивна програма за менторство, во чии рамки се спроведе обука, се развиваа идеи и се овозможи поддршка, медиумите сега ги реализираат нивните деловни планови.
На медиумите и понатаму ќе им бидат на располагање обука и поддршка за време на едногодишниот период за реализација на нивните деловни идеи. Тоа предвидува и програма за е-учење, со која медиумите дополнително ќе ги надградат знаењето и вештините во различни области, вклучително бизнис и менаџмент, како и практична работа под менторство на нивните ментори.