Дечко со бордо дуксер седи покрај девојка во кафуле, а девојката му покажува нешто на нејзиниот мобилен телефон.

Според студиите спроведени ширум Западен Балкан, кај младите постои огромен недостиг на доверба во медиумите, младите се во многу мала мера застапени во медиумите и честопати се прикажуваат како група која подлежи на разни стереотипи. Со фокус на овие прашања, создадовме младинска програма којашто овозможува: 

  • програми за обука; 
  • менторство според потребите на младите; 
  • регионална соработка и можности за вмрежување за младинските медиуми во регионот преку натпреварот за млади новинари.

Британски совет во партнерство со Фондацијата „Томсон“, БИРН и ИНТРАК работи на проектот „Media for All“ којшто е финансиран од Владата на Обединетото Кралство.