Зошто се пријавивте за учество во програмата за менторство за жени во медиумите во Западен Балкан?

Да бидам искрена, се двоумев дали да се пријавам за програмата за менторство за жени, бидејќи се плашев дека нема да можам да го усогласам учеството со моите секојдневни обврски. Меѓутоа, го сменив мислењето откако Лариса Халиловиќ го посети нашиот медиум. Таа ми предложи да се пријавам и благодарение на неа стекнав одлично и бесценето искуство.

Дали работата со Вашата менторка придонесе за Вашиот личен и професионален развој?

Задоволна сум од менторката којашто ми беше доделена – заедно сработивме многу, што придонесе за мојот личен и професионален развој.

Опишете ни го накратко успехот што го постигнавте како менторска двојка.

Мојата менторка ме поврза со голем број успешни жени кои работат во областа на новинарството и маркетингот. Остварив контакти до кои тешко би стигнала самата. Имав средба во живо со мојата менторка, што придонесе за нашиот однос како менторска двојка и за нашата работа.

Дали дојдовте до нови идеи, започнавте нови активности, соработки и/или проекти или во план Ви се за понатаму, како резултат на вмрежувањето со луѓето коишто се опфатени во нашата програма?

Нашата комуникација се одвиваше и надвор од редовните средби, а врз основа на проектите што ги спроведува „ЗОС“, дојдовме до идеја за ПР-текст за нас двете и за проектите. Текстот доживеа „бум“ на порталите, а го споделија голем број медиуми во БиХ. 

Дали Ви се исполнија очекувањата што ги имавте за програмата за менторство?

Среќна сум што бев дел од оваа програма за менторство, но истовремено сум и тажна што заврши. Досега не сум имала можност да учествувам во вакви програми. Се исполни многу повеќе од тоа што очекував. Запознав прекрасни жени, па дури и склучив деловен договор со Албина, којашто е менторирана новинарка од Тузла.

Споделете на социјални мрежи