Во февруари 2014 година, во организација на Британскиот совет во Македонија, а во соработка со Центарот за стручно образование и обука на Република Македонија, Министерството за образование на Република Македонија, и партнерите ОБСЕ и Отворете ги прозорците, организиравме конференција за инклузивно стручно образование во Македонија. На конференцијата учестуваа над 120 образовни работници од земјава, претставници на институциите на системот, стручните училишта и педагошките факултети и академски институции ширум Македонија.
За време на Конференцијата, особено внимание беше ставено на сегашните постигнувања во доменот на инклузивно образование и на предизвиците со кои се среќава стручното образование во овој домен. Од овие дискусии произлегоа конференциски заклучоци кои веќе се доставени до сите инволвирани институции за оваа тематика во Република Македонија.
Програмата и презентациите од конференцијата може да ги превземете на оваа страница.
Центарот за стручно образование и обука на Република Македонија има цела серија реализирани активности во насока на инклузивно стручно образование, меѓу кои:
- изработен е „Водич“ за изготвување програми за слободни часови на училиштето во интегрирано образование
- изработени наставни програми по стручните предмети за ученици со посебни образовни потреби во посебните училишта за четиригодишно образование
- изработена Стратегија за стручно образование и обука во контекст на доживотното учење (2013-2020), и најновиот
- прирачник за работа со ученици со посебни образовни потреби.
Прирачникот за работа со ученици со посебни образовни потреби може да го превземете на оваа страница.