Претстави се себе си и твојата работа пред нашата публика.

Јас сум Давид Мастикоса, композитор и постар асистент на Академијата за уметности приУниверзитетот во Бања Лука. Веќе 9 години првенствено пишувам уметничка музика. Поголемиот дел од времето свирам, пеам и си играм со ќерка ми Ари. Често пати се жалам дека не можам да стигнамништо да компонирам, но сам сум виновен за тоа.

Понекогаш, со помош на музиката, ги истражувам границите на човековата слобода.

Зошто реши да се бавиш со музика?

До денес не го најдов вистинскиот одговор на ова прашање. Она што го знам со сигурност е дека музиката е медиум со кој можам најлесно да ги изразам и истражам најдлабоките слоеви на мојата личност. Чувствувам дека пишувањето музика е моја потреба и со неа успевам да доживеам радост, среќа и тага.

Како дозна за проектот „Осмисли звук“ (Envision Sound) и што те привлече да се пријавиш?

Прв пат објавата на Британскиот совет за програмата „Envision Sound“ ја видов на мојот фејсбук профили ми се чинеше прилично нереална, што ме натера да се пријавам. По неколку дена откако го видовповикот решив да ја пополнам сеопфатната и тешка пријава за оваа програма, за која сметам дека е исклучително важно да остане каква што е.

Најмногу ме привлекоа звучните имиња и фантастичните услови што одамна не сум ги сретнал во програми што ги имам посетено низ светот. Покрај тоа, едвај чекав повторно да го посетам прекрасниот Киев.

Ве охрабруваме да го посетите видео каналот на Давид и да се запознаете со неговата работа:

Како влијае ова искуство на твојата идната работа?

Ова за мене е неверојатно искуство, а особено сум среќен што сум еден од добитниците на престижен грант. Конкуренцијата во Киев беше многу сериозна, така што ова признание ми значи уште повеќе. Учеството во „Осмисли звук“ (Envision Sound 2020) ми отвори многу врати, а остварив и безброј различни контакти. Она што е најзначајно за мене е дека ќе имам можност да работам на нов филм со професорка кој предава на славниот Кралски колеџ во Лондон.

Што би им препорачал на идните учесници во овој и слични проекти?

Бидејќи ги следам активностите организирани од страна на Британскиот совет кај нас, исклучителначест е да бидам дел од тим кој работи на развој на уметноста преку програмите на Британскиот совет и затоа сметам дека луѓето треба да се пријавуваат. До сега сите мои контакти со вработените во оваа институција беа исклучително професионални, што понекогаш е многу важно.

Дополнителни страници