©

© Courtesy of The Space

Пред пронајдокот на World Wide Web, доколку сакавте да видите познати уметнички дела, можеби ќе требаше да одите на далечно патување, или да најдете специјализирана библиотека за уметност за да погледнете репродукција.

Но, 30 години подоцна, работите се поинакви. Онлајн иницијативите, како што е Google Art Project, овозможуваат високо-квалитетни уметнички дела да бидат достапни на интернет, што им овозможува на сите, насекаде да ја доживеат визуелната култура преку нивниот компјутер или паметен телефон.

Културните институции ја капитализираат оваа нова побарувачка за дигитални искуства. Музејот „Ван Гог“ од Амстердам создаде патувачки интерактивни изложби, како што е Запознајте го Ван Гог , што започна во Пекинг во 2016 година. Изложбата вклучува видеа, репродукции и интерактивни инсталации, кои имаат за цел да ја доближат публиката до животот и работата на уметникот. Институциите, вклучително и Музејот на модерна уметност во градот Њујорк, дигитализираа голем дел од нивните архиви и ги направија достапни на нивната веб-страница, па дури и помалите галерии, како што е Dulwich Picture галеријата во јужен Лондон, сега ги прават своите колекции достапни на интернет.

Културните организации исто така ја прифаќаат интернет мрежата како алатка за поттикнување на учеството на публиката. Театарската група Royal Shakespeare Company (RSC) беше предводник на овој тренд, од поставувањето на Сонот на летната ноќ за публиката на социјалните медиуми, до креирање на дигитални аватари за сцената во партнерство со технолошката фирма Intel и компанијата што нуди снимање на театарски претстави The Imaginarium Studios. RSC продуцираше и онлајн изложба „зад сцената“ за Ричард II со Институтот за култура на Гугл. Ваквите проекти не само што го зголемуваат пристапот до публиката на делата што се продуцираат, тие и ја вклучуваат публиката во креативниот процес и придонесуваат за демократизација на пристапот до културата.

За да го зголеми пристапот на интернет публиката до уметноста, The Space ги поврзува институциите и уметниците со дигитални технологии и решенија.Основана од BBC и од Уметничкиот совет на Англија во 2012 година, организацијата соработуваше со културни партнери од целото Обединето Кралство за да ги преиспита начините на кои може да се создава, да се споделува и дигитално да се ужива во уметноста.Со главниот извршен директор Фиона Морис разговаравме за тоа како The Space ја приближи уметноста до пошироката публика, како уметниците можат да извлечат максимум од ваквите случувања и какви се нејзините размислувања за иднината на уметноста во дигиталното време.

Можете ли да ни кажете нешто повеќе за The Space и за она што го работите?

Првенствено работиме со уметнички организации, користејќи дигитални технологии и онлајн платформи за да го зголемиме нивниот пристап до и влијание врз публиката.Им помагаме максимално да ги искористат можностите што ги нудат дигиталните технологии и со тоа да ја зголемат нивната одржливост.

Во последните три години, одобривме повеќе од 200 проекти и допревме до публика од над 20 милиони лица преку интернет и емитување.Сакаме да го зголемиме пристапот до уметнички дела што инаку би биле недостапни за многу луѓе заради фактори како што се цената, инвалидитетот на некои лица и географската оддалеченост.

На кој начин интернетот како пронајдок влијае врз функционирањето на The Space?

Очигледно е дека The Space не би постоел без интернетот.Ние сме и производ и одговор на интернетот и нашиот успех зависи од нашата способност да ги разбереме и да ги следиме начините на кои тој се користи.Ги следиме најновите трендови на однесување на дигиталната публика, така што сме компетентни да даваме совети на секторот и на оние што ги ангажираме.

Каков ефект има интернетот врз создавањето и презентирањето на уметноста?

Како прво и најважно, уметноста сега може да се споделува со поширока публика.Културните организации можат да произведуваат одлична уметност и да ја дистрибуираат преку интернет, потенцијално за глобална публика, што може да биде трансформативна можност за оние што се обидуваат да привлечат поголемо внимание.Публиката ги открива и зборува за работите што ги наоѓа онлајн и ги споделува преку нивните мрежи.Ова не само што им помага на организациите да ја зголемат својата публика, туку има влијание и врз опсегот на уметноста што може да се создаде, начините на кои може да се создаде и лицата од кои може да се создаде. Не постои бранша на уметноста што не доживеа револуција како резултат на интернетот и на дигиталните технологии.

Кажете ни нешто за дел од проектите одобрени од The Space.

За да се разликуваат од вообичаените апликации, веб-страници, игри и искуства на виртуелна реалност, нашите дигитални проекти треба да бидат оригинални, да имаат уметничка вредност и да нудат навистина привлечно корисничко искуство.Еве неколку од нашите неодамна одобрени проекти.

Playcraft Live  беше првата претстава во светот создадена, развиена и изведена во онлајн видео играта Minecraft.Истовремено, таа беше изведена и на сцена во „The Playhouse“ во Дери/Лондондери во Северна Ирска, на тој начин комбинирајќи го вистинскиот и виртуелниот свет за публика во живо и онлајн публика.Проектот беше замислен со фокус на интернетот и на меѓународната публика до којашто може да се допре.Претставата ја гледаа приближно половина милион луѓе на самата вечер на изведбата – и уште стотици илјади оттогаш.

Project Adrift  им овозможи на корисниците да посвојат парче вселенски остаток и во реално време да имаат комуникација со него преку Твитер.Користењето на податоци во живо им овозможи на учесниците да испраќаат пораки до остатоците и да добијат одговор, а најчесто хумористичните коментари објавени на Твитер од секое парче вселенски остаток создадоа и наратив и личност со која корисниците развија лична врска.

SculptureCam  е веб-базирана апликација на Јоркширскиот парк на скулптури, којашто на посетителите им овозможува да ги истражуваат, да ги фотографираат и да остваруваат интеракција со скулптурите преку нивниот телефон.Посетителите ги поврзуваат скулптурите што ги гледаат со рамка на силуета на нивнниот екран, прават фотографија и со тоа добиваат награда: анимација од 360 степени на скулптурата.Во меѓувреме, нивната фотографија претставува директен придонес за онлајн архивата на фотографии од колекцијата, што претставува вреден образовен ресурс.

100 Masters  е проект создаден од Creative Black Country за да се идентификуваат современи вешти занаетчии од Блек Кантри - област во Западен Мидлендс во централна Англија и да се инспирираат идни таленти.Работевме со нив за да го развиеме дигиталниот сегмент на проектот, создавајќи серија кратки видеа кои имаа над 10 милиони прегледи во првите шест месеци.Навистина сме воодушевени што проектот ја освои Европската награда за млади во 2018 година за отворена иновација.

На кој начин уметниците и уметничките организации можат да ја искористат дигиталната револуција? Кои вештини се потребни?

Уметниците и организациите треба да го разберат однесувањето на нивната постојна и потенцијална публика онлајн и во глобален контекст.Сега можеме да ја следиме нашата публика дигитално, да ги идентификуваме трендовите и да собираме повратни информации со што добиваме увид во тоа какви видови дела сакаат да гледаат, споделуваат и коментираат.Исто така, можеме да ја таргетираме и да ја прилагодиме содржината на специфични платформи, да се вклучиме во онлајн заедниците и да ги искористиме придобивките од инфлуенсерите – сите тие се клучни алатки за поврзување на уметноста со луѓето со кои таа ќе се поврзе.

Исто така, важно е за уметничките организации и уметниците да размислат како може да ги искористат овие информации за подобрување на својата постојна работа, и да бидат подготвени да ги тестираат и повторат на начин којшто функционира за нив и нивната публика.

„Цврсто верувам дека технологијата треба да се користи за подобрување на уметничкото искуство – за подобрување на вклученоста, а не да се користи за сопствена корист.“

Кои нови технологии кои ќе го оформат начинот на кој уметноста се создава или искусува особено во возбудуваат?

Ме возбудуваат можностите коишто интерактивните технологии кои ги вклучуваат сите сетила ги даваат при раскажувањето и наративот. Со нетрпение очекуваме да видиме како ќе изгледа оваа работа во иднина.

Според тоа, корисничкото искуство е најважно – приказната и концептот треба да се тие кои го водат патот, а не технологијата. Цврсто верувам дека технологијата треба да се користи за подобрување на уметничкото искуство – за подобрување на вклученоста, а не да се користи за сопствена корист.

©

© Sara Dominguez

©

© Courtesy of The Space

На кој начин уметниците и уметничките организации можат да ја искористат дигиталната револуција?Кои вештини се потребни?

See also

Дополнителни страници