Универзум на водени честички на карпа каде се собираат луѓето ©

teamLab

Што се случува кога ќе искомбинирате 520 компјутери, 470 прожектори, и околу 100 самонаречени „ултра-технологисти“? teamLab одлучи да открие.

Уште од 2001 година, јапонскиот уметнички колектив – којшто опфаќа уметници, архитекти, математичари и други – ги пробива границите на уметноста со своите имерзивни, честопати ефемерни, дигитални дела. Оваа група има одржано исклучително популарни изложби во светски рамки, а нивните впечатливи инсталации масивно се споделуваат на социјалните медиуми.Неодамна тие направија голем чекор со отворањето на Borderless („Без граници“) – музеј од малтер и тули во Токио.Ова е првата институција во светот којашто е посветена на дигиталните уметнички дела и кај која онлајн споделувањето се наоѓа во централна позиција.

teamLab Borderless, којшто неодамна се отвори во округот Одаима на Токио и се протега на површина од 10.000 м2, беше создаден во соработка со Mori Building, фирма за управување со недвижности со богато досие во однос на поддршката на уметностите и културниот сектор во Јапонија. Музејот опфаќа 50 од позначајните дела на teamLab, коишто се организирани во пет групи:Светот на Borderless; Атлетска шума; Паркот на иднината; Шумата на светилките; и En Чајџилница.Секој експонат е интерактивен, реагира на движењата на посетителите за да се создаде приказ на светлина и боја којшто постојано се менува. 

„Ние сакаме посетителите да разберат како дигиталната технологија може да го прошири концептот на уметноста.Уметноста којашто ја создаваме се состои како од самото уметничко дело, така и од гледачот, а присуството и однесувањето на гледачот можат да влијаат врз делото.“

Помеѓу експонатите се наоѓа и Цветната шума:„Изгубени, потопени и повторно родени“, 2017, е просторија прекриена со проекции од цветови коишто венеат при допир или стапнување врз нив, додека нови растат доколу посетителите стојат мирно.„Шумата на резонантни светилки“, 2016, опфаќа серија светилки коишто висат од плафонот, а секоја од нива ја менувата бојата при пристапување до неа, додека „Мулти скокачкиот универзум“, 2018, им овозможува на посетителите да формираат планети скокајќи нагоре-надолу во просторија чијшто ентериер наликува на вселената и има еластичен под.Сржта на овие дела е желбата не само да се премости јазот помеѓу уметноста и нејзината публика, туку исто така и да се иницира „поместување во односот помеѓу поединецот и толпата“, велат од teamLab.

Шумата на резонатни светилки, 2016  ©

teamLab

Мулти скокачки универзум, 2018  ©

teamLab

Кристален универзум, 2015 ©

teamLab

Создавајќи средина во која човековиот ангажман ги придвижува делата, колективот се надева дека актот на споделување на просторот со друг посетител ќе стане еден моќен феномен којшто ќе биде составен дел од доживувањето на уметничките дела.„Парадигмата на традиционалната уметност е да се третира присуството на друг гледач како непријатност, но доколку влијанието од таквото присуство на друга личност врз уметноста е убаво, тогаш можно е присуството на таа личност да се смета за нешто убаво самото по себе“ – тие додаваат.

teamLab го создадоа Borderless имајќи ги на ум љубителите на уметноста од XXI век, при тоа осмислувајќи ја секоја изложба така што таа да може да се сподели на Instagram.Изложбите на кои се прикажуваат исклучително „инстаграмски“ уметнички дела, како „Бесконечната соба на огледала“ на Јајои Кусама, предизвикаа огромен интерес во светски рамки, укажувајќи на сѐ поголемиот глобален апетит за овој вид на партиципативна и фотогенична уметност. 

За teamLab, фокусот на „можноста за споделување“ е поткрепен со цврстото уверување на обединувачката моќ на интернетот.Токму тоа е тема којашто се обработува во Кристалниот универзум, 2015, каледиоскопски лавиринт на висечки LED светилки коишто се менуваат според движењето на посетителите, на тој начин создавајќи нешто што уметниците го опишуваат како „скулптурно тело“.Клучот на функционирањето е посебна апликација за смарт телефони којашто им овозможува на корисниците да го обликуваат опкружувањето во кое стојат.„Кога ја контролирате апликацијата, уметничкото дело реагира и им помага на посетителите да создадат сцена којашто никогаш повеќе нема да се повтори“ – велат од teamLab.„Интернет врската е она што го овозможува создавањето на едно вакво уметничко дело“.

Правејќи го посетителот интегрален дел од првиот музеј на дигитална уметност во светот, teamLab покажуваат како технологијата и уметноста можат со заеднички напори да ги зближат луѓето.„Се надеваме дека овие експонати ќе ги охрабрат луѓето да подразмислат за односот помеѓу луѓето и природата, како и нивниот однос со светот“ – тие велат.Освен тоа, Borderless исто така обезбедува алтернативно гледање на начинот на кој ние можеме да се поврземе и да оствариме интеракција со културните простори во иднината и ја истражува улогата којашто технологијата и интернетот ќе ја играат при оваа трансформација.

Дополнителни страници