WE ARE HERE е серија на 5 уметнички филмски програми на компилации и инсталации курирани од Тендаи Џон Мутамбу за Британскиот совет и LUX, меѓународна уметничка агенција која поддржува и промовира уметнички практики на подвижни слики. WE ARE HERE  истражува како современите уметници обработуваат теми како националниот идентитет, маргиналноста и интимноста преку биографија, документарец, поезија и фикција во филм. Некои од најизвонредните нови и етаблирани уметници во Обединетото Кралство ги прекинуваат старите наративи и поттикнуваат нови глобални дискусии.

Дел од овие уметници се добитничката на наградата Turner за 2018 година, Шарлот Проџер, Нур Афшан Мирза и Бред Батлер (избрани за наградата Artes Mundi 6 во 2014 година), Рејчел Меклин (ја претставуваше Шкотска на Уметничкото биенале во Венеција, 2017 година) и новодобиени дела од Лоренс Лек и Ен Талентајр.

СТАР СВЕТСКИ ПОРЕДОК / НОВИ СВЕТСКИ ПОРЕДОЦИ      

Итни прашања поврзани со припадноста и идентитетот се појавуваат во нашите заедници и институции. 

Теми: Европски идентитет, национален идентитет, расна и културна историја, интернационализам, локализам наспроти глобализам

Уметници: Калум Хил, Розалинд Нашашиби, Лук Фаулер, Морган Куинтансе, Ајо Акингбаде, Џереми Делер, Онјека Игве, Рејчел Меклин.

ПЕСНИ ОД ЗАБОРАВЕНОТО МИНАТО

Овие дела нѐ потсетуваат дека помеѓу руините на неуспешните историски проекти лежи потенцијалот за визија за иднината.

Теми: Маргиналноста и нејзиното претставување, заедница, раскажување, градење  на светот, критичко повторно обликување на историите

Уметници: Ајо Акингбаде, Данкан Кемпбел, Сузан Хилер, Џон Акомфра, Лук Фаулер, Самсон Камбалу, Реана Заман

РАДИКАЛНИ ИНТИМНОСТИ

Инспирирајќи се од слободата на меѓугенерациските перспективи, оваа програма ги истражува животите надвор од нормата и ги слави различните идентитети, сексуалности и полови.

Теми: Хомосексуалност, феминистички перспективи, пол и сексуалност надвор од нормативите, пол како перформанс, копнеж, интимност

Уметници: Беатрис Гибсон, Реана Заман, Стивен Сатклиф, Кени Меклауд, Стјуарт Маршал, Кетрин Мејнел, Шарлот Проџер, Маргарет Самон, Џилијан Веринг

ИДНИ ЕКОЛОГИИ

Преку комбинација од документарец, (научна) фантастика и поезија, овие дела спојуваат проникливи мислења за нашата средина, урбана иднина и одржливост. 

Теми: Околина, екологии и космологии, климатски промени, Антропоцен, колонизација и екстрактивни индустрии, урбана иднина и одржливост

Уметници: Јуриел Орлов, Луис Хендерсон, Шарлот Проџер, Бен Риверс, Герет ЏоунсЛоренс ЛекБедвир ВилијамсЏејн и Луиз ВилсонЕлизабет Прајс

ПРОСТОР

Овие дела ја отелотворуваат способноста на современата уметност да пренесе разни уметнички гледишта преку мирни фотографии, архивски материјал и звук.

Теми: Кинематско искуство, филмот како материјал, застареност, деградација, меморија и архива, фракција/фикција, репрезентација/апстракција, време и движење

Уметници: Урсула Мејер, Нур Афшан Мирза и Бред Батлер,  Групата Отолит, Наим Мохамен, Данкан Кемпбел, Даглас ГордонХарун МирзаЕн ТалентајрТомсон и Крегхед