Child looking at the micro:bit codable computer

Спроведувана во партнерство со релевантни образовни институции во секоја земја, програмата има за цел да им овозможи на учениците на возраст од 10-15 години да стекнат вештини за критичко размислување и решавање проблеми. Покрај учењето вештини за критичко размислување и решавање проблеми, децата ќе научат и практични вештини за кодирање и ќе имаат можност да ги практикуваат своите вештини преку физички компјутери.

Како дел од програмата, секое училиште на Западен Балкан ќе биде снабдено со голем број „Микро:бит“ уреди  – џебни компјутери на кои децата можат да програмираат и да ги користат за различни предмети за решавање на секојдневни проблеми. Тоа им овозможува на учениците да учат на забавен, интерактивен и иновативен начин.

За да се биде конкурентен на глобалниот пазар на труд, вештините за решавање на проблемите, критичкото размислување, дигиталната писменост и креативноста се клучни за успехот.

Teachers talking
„Штом го зедоа уредот micro:bit в раце, нивната фантазија се разбуди, почнаа да поставуваат прашања: „Што ако се обидеме вака?“, „Што ако го поврземе micro:bit со oва?“, „Што ќе се случи ако направиме вака?“ Тоа е клучот, да се научи како да се решаваат нерутински проблеми. Децата стануваат креативни, што мислам дека е многу важно.“ 

Каде започна - Приказна за најхрабрите училишта

Пилот проектот „Училишта на 21 век“ беше спроведен во соработка со „BBC micro:bit“ образовната фондација во текот на 2017 и 2018 година. Во него беа вклучени 135 училишта и 26 000 ученици од Западен Балкан. 

За време на пилот-проектот, 1180 наставници беа обучени за тоа како да применуваат нови вештини за настава користејќи „Микро:бит“ уреди. Сите минаа низ петдневна воведна обука за тоа како да воведат три вештини (критичко размислување, решавање проблеми и кодирање со помош на „Микро:бит“ уреди) во нивниот процес на настава и учење. Поддршката беше обезбедена од страна на 17 национални обучувачи за основни вештини, обучени од експерти од Британските совети и персоналот на „Микро:бит“ образовната фондација.

IPSOS Истражување за стратешки маркетинг

Во 2018 година, истражувањето беше нарачано од IPSOS Стратешки маркетинг, како дел од проектот на Британски совет „Училишта на 21 век на Западен Балкан“. Извештајот го покажа следново:

  • 86% од наставниците сметаат дека уред „Микро:бит“ е корисен во предавањето на наставната програма
  • 90% од наставниците веруваат дека уред „Микро:бит“ ќе ги инспирира учениците да работат на компјутер и да кодираат надвор од училницата
  • 93% од наставниците сметаат дека уред „Микро:бит“ би ги инспирирал учениците во училницата
  • 100% од наставниците сметаат дека е корисна наставна алатка.

Извештајот, исто така, покажа дека наставниците сметаат дека активностите со уред „Микро:бит“ ја зголемија социјализацијата на учениците , „ја зголемија размената на знаења меѓу учениците“ и „ја подобрија соработката и меѓусебната комуникација со другите наставници“. Наставниците беа воодушевени кога сфатија дека учениците кои обично се рамнодушни и не се вклучени во она што се случува на часовите, беа првите кои работеа со уред „Микро:бит“.  Според извештајот дел од учениците покажаа „некои сосема нови потенцијали, што укажува на тоа дека тие само имаат потреба од поинаков пристап“. 

Резултатите од пилот-проектот влијаеа на многу поголемата програма „Училишта на 21 век“, која во текот на три години ќе им помогне на милион ученици на возраст од 10-15 години од Западен Балкан да стекнат вештини кои им се потребни за просперитетна иднина.

Споделете на социјални мрежи