Програмата „Училишта на 21 век“ не беше создадена само за да ги научи децата на основите за кодирање, туку има за цел да постигне и поголемо позитивно влијание во општествата каде што живеат децата. Во следните три години со нашата програма ќе допреме до 1 милион деца и иако оваа бројка е импресивна, она со што уште повеќе се гордееме е што децата ги прифаќаат принципите на критичко размислување и решавање проблеми и ги применуваат во секојдневните животни ситуации.Дознајте повеќе за успешните приказни што доаѓаат од нашите училишта.

In this section