Верувате ли дека ученици од основни училишта размислуваат за сериозни теми како што се безбедноста во сообраќајот и поточно системи за далечинска безбедност за камионите? И замислете ги овие деца, не само што можат критички да размислуваат за да препознаат дека ова е голем проблем, туку и да можат сами да го решат. Тоа го сторија учениците од ОУ „Блаже Конески“ од Прилеп!
Учениците велат дека биле мотивирани да спасат животи на многу возачи ширум светот бидејќи секојдневно има многу несреќи. Овие три мали деца работеа со својата наставничка, Наташа Ристеска Проданоска, за да ја остварат својата идеја. Иако Наташа рече дека на почетокот „Микро:бит“ уредот не изгледаше како нешто што може да има толку многу можности за кодирање, до крајот на проектот сите беа изненадени од можностите што ги отвори за нив.
Михаела, Антонио и Петар и нивната наставничка се натпреваруваа на нашиот Регионален натпревар во Белград во 2019 година и се најдоа на второто место во жестокото натпреварување на екипи од целиот Западен Балкан. Во следната видео приказна, можете да слушнете директно од учениците за процесот на креирање на нивниот проект од идеја до прототип.